Започна одбележувањето на 11 Октомври, Денот на народното востание
Потребна ни е онаква храброст каква што во себе содржи тој 11 Октомври 1941ва за подготвено и достоинствено да се одговори на предизвициите кои ги носи иднината, истакна денеска на пригодна свеченост по повод празникот, Градоначалникот Стојаноски.
Во Охрид и Струга дежурни аптеки на повик
Во Охрид и Струга каде нема аптека со 24 часовно работно време, Приватните здравствени установи аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, спроведуваат дежурства на повик или се во состојба на готовност.
Со дводневен хепенинг во ОУ „Григор Прличев“ одбележан Денот на ретки болести
Денеска светот го одбележува 28 февруари – Денот на ретките болести. Во текот на цел месец февруари охриѓани се сплотија преку бројни активности посветени на лицата со ретки болести во рамки на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Февруари беше месец на боите на ретките во кои беа осветлени бројни објекти и локации, промовирање на четврта ретка поштенска марка, бројни насмевки, обоени дланки и поддршка од институциите.
Започна реализацијата на Erasmus plus проектот “3Е – It’s time to act”
Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, домаќини на состанок со претставници од невладини организации од Србија, Хрватска, Португалија, Италија и Словачка.
„Гладијаторите“ поразени од Вардар на домашен терен
Иако покажаа одлична игра, ракометарите на ГРК Охрид синоќа беа поразени на домашен терен од Вардар со резултат 29-31, во рамки на третото суперлигашко коло.
Метео службите од регионов со заеднички сили против штетите кои ги нанесува глобалното затоплување
Македонија и Охрид домаќини на средбата на Директорите на хидрометеоролошките служби од Југоисточна Европа.
Пецаков: СДСМ ја губи поддршката кај охриѓани
Никој не смее да тргува со сопствената држава и со националните чувства. Охриѓани тоа го препознаа и ја поздравуваме зрелоста и одлуката покажувајќи исклучителна демократска и патриотска свест со тоа што не го поддржаа Договорот со Грција кој е крајно штетен за македонските државни и национални интереси, кажа на прес конференција , Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.
Во „Прличевата одаја“ утре во 12 часот средба со Вера М. Самарјанин
Утре, напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со авторката Вера Самарјанин од Битола.