Угостителите задоволни од изминатата туристичка сезона
Додека се чекаат официјалните бројки и статистички показатели за тоа каква сезона имавме, впечатокот на угостителите е дека летово поминале подобро од лани. Од угостителскиот еснаф сметаат дека треба да се работи на продолжување на сезоната и привлекување гости со подлабок џеб.
Во тек е чистењето на каналите и речните корита во Охрид
Во тек е чистењето на каналите и речните корита во Охрид. Исчитен е каналот на реката Грашница на пресекот со улиците Туристичка и Железничка. Мапирани се сите критични точки кои предизвикаа штети на граѓаните, а чистењето треба да заврши до крај на октомври.
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА АЛЕКСАНДРОВАЦ
Делегација на Општина Охрид, предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, беше во посета на Александровц, Република Србија, на традиционалната манифестација “Жупска берба – 2018“.
Дивата депонија Мауцкер од утре ќе се покрива со земја
Дивата депонија Мауцкер од утре ќе се покрива со земја. На истата локација ќе продолжи депонирањето на градежен шут за да се спречи создавањето на диви депонии низ градот. Проценките од пред две години покажаа дека се потребни пола милион евра за нејзино чистење, а во меѓувреме оваа сума е во пораст.
76,5 % анкетирани охриѓани сакаат ул „Македонија“ да биде пешачка зона
76,5 % од анкетирани охриѓани сметаат дека ул Македонија треба да биде пешачка зона. Анкетата беше спроведена во рамки на програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“ во која учествува Општина Охрид, заедно со претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција.
ЈП „Охридски Комуналец“ во акција за отстранување на гумите за џвакање од охридската чаршија
Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи на Охридската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.
Тетовчанец приведен во Охрид
На 18.09.2021 година во 08,55 часот, во СВР Охрид приведен е В.М.(38) од Тетово кој претходно, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир, со викање и непристојно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници.
Нови корпи за ситен отпад
Eкипите на ”Ј.П. Охридски Комуналец ” започнаа со замена на старите и дотраени корпи за ситен отпад со нови.