Црвен крст Охрид ја најавува традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“
Акцијата ќе се реализира на 29 септември 2018 г.
ГРАЃАНИ – НАВРЕМЕ РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СИСТЕМОТ Е-ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК E-PDD.UJP.GOV.MK
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.80/93…190/2017), предвидено е Управата за јавни приходи од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.
Одбележани 105 години од почетокот на Охридското востание
Историски настан кој ги поврзува македонците и албанците на овие простори кои на почетокто од 20 век трпеле терор од српските окупатори. Една од причините за кревање на Охридското востание е разочараноста од Букурешкиот договор 1913 година со кој Македонија е територијално поделена од нејзините соседи, истакна историчарот Никола Митровиќ.
Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли во посета на СВР Охрид
Амбасадорот се запозна со работата на велосипедската полициска патрола која пред 10тина години беше формирана на иницијатива на амбасадата на САД. Сигурен сум дека и други полициски станици во другите градови во Македонија можат да учат од овој пример во Охрид за полезноста на оваа иницијатива порача амбасадорот Бејли.
Одговор на пресс-конференција на претседателот на ОК на ВМРО ДМПНЕ – Охрид
„Иако во целост можам да го разберам очајот на ВМРО ДПМНЕ, сепак, сметам дека треба да се има барем минимум политичка култура и да не се манипулира со лаги и полувистини, а само со една и единствена цел, собирање ситни дневнополитички поени“, се вели во реакцијата на градоначалникот Стојаноски.
Скандал го тресе универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид
Педессеттина студенти кои уредно се запишаа на информатичкиот факултет во Охрид , во државна квота, нема да можат да студираат на избраните струки. Универзитетот распишал редовен конкурс за уписи иако немал акредитација. На самиот почеток на академската година, од студентите било побарано да потпишат изјава дека прифаќаат да студираат на друг место на факултетот на кој биле пријавени и примени.
Основни училишта ја почнале учебната година без извршена дезинфекција и дератизација на објектите
Основни училишта ја почнале учебната година без извршена дезинфекција и дератизација на објектите. Од центарот за јавно здравје велат директорите на школите биле информирани за нивната законска обврска. Додаваат дека не станува збор за скапа услуга за третирање на училиштата.
Трето издание на Охрид Ултра-Треил®
Охрид Ултра-Треил® е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќа 4 трки со дистанци од 100км, 60км, 40км и 21км и е закажано на 17-19 септември 2021 година.