Охридскиот атлетски маратон ќе се одржи на Денот на независноста
Охридскиот атлетски маратон ќе се одржи на Денот на независноста, 8 септември. По 32 пат маратонците ќе трчаат на патеката од Св. Наум до Охрид. Досега над 1800 маратонци биле дел од најстарата маратонска манифестација на Балканот.
Охридските градинки се безбедни и нема место за аларм со бактеријата стрептокок
Охридските градинки се безбедни и нема место за аларм со бактеријата стрептокока. Од земенитe брисеви само 9 до 10 посто од децата имaaт позитивен наод на бактеријата. Во сите објекти каде што се згрижуваат децата е направена дезинфекција и дератизација, потврдуваат од градинката и од Центарот за јавно здравје.
Претставата „Во фиока“ по втор пат пред охриѓани
Претставата „Во фиока“ по втор пат пред охриѓани. Ќе се игра во предворјето на црквата св.Софија и ќе има хуманитарен карактер. Претставата ќе ја одиграат 8 мина талентирани актери аматери.
„ЕСЕНТА ТОПЛА И ЗЛАТНА НАСЛИКА ВО ПРИРОДАТА НАЈУБАВИ ПЛАТНА“, ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
Согласно Одлуката за усвојување на измените на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2018 год.на Општина Охрид бр.08-10563/31 од 27.07.2018г, Општина Охрид објавува:
СРЕДБА ПОМЕЃУ ОФС ОХРИД И ОФС ЈАГОДИНА
Во просториите на општина Охрид, денес, средба остварија општинските фудбалски сојузи на Охрид и Јагодина. Домаќин на средбата беше градоначалникот Јован Стојаноски.
Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“
Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“. Научници од неколку балкански држави презентираа најнови истражувања во однос на културното наследство. Во рамките на конференцијата турски уметници имаа уметничка изложба на ракотворби.
Затворен за сообраќај дел од улицата „Кленоец“
Поради одржување на Меѓународната вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември, од денеска до 24-ти септември ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарната.
Започнуваат уписите во БРЕИНОБРЕИН
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во есенскиот циклус, започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.