Изградбата на нова училишна зграда на „ Братство Единство“ ќе почне во второто полугодие
Централната зграда на ОУ Братство Единство подготвена да ги прими учениците во учебната 2018 /2019. Изградбата на новата зграда ќе почне во второто полугодие. Покрај централната зграда се подготвува и објектот во Лескајца на коj се потребни замена на кровот и изведување на дренажен систем.
Сопствениците на градежната парцела: Станарите со протестото се изманипулирани, градбата е легална
Со реакција до ТВМ се обратија сопствениците на градежното земјиште за кое вчера група граѓани одржаа протест против изградба на висококатница. Тие тврдат дека членот на куќниот совет кој не е нивен непосреден сосед ги манипулира граѓаните и во јавност изнесе лаги , манипулации и тешки обвинувања против нив. Општинските и државните органи си ја работат работата, државата и правниот систем профункционираа и заврши времето на „Бате јави се“, вели еден од сопствениците на градежното земјиште.
Протест на станари против изградба на висококатници во зелениот појас
Над педесетина станари од комплекс згради на Булевар Туристичка протестираа против одобрението за градба на висококатници во зелниот појас пред нивните станови. Револтирани велат дека незаконски ќе се гради на земјиште кое во минатото им било платено на сопствениците. Кажуваат дека неколку години водат судски спорови со кој го побивале одобрението за градба, а воделе и постапки и за ништовност на решението за трансформација на земјиштето од 2003.
Отворен базар на ракотворби на Сараиште
Богатите македонски фолклорни мотиви, како дел од културата на нашето поднебје, изразени во уметноста и вештината на изработувањето на предмети со стилизирани елементи и оригинална вредност претставуваат несомнен одраз на промоцијата на културата на нашиот град.
РК „Охрид“се засили за уште седум млади играчи
Ракометниот клуб „Охрид“, денеска, се засили за уште седум млади играчи.
ЈП „Охридски Комуналец“ на терен по невремето
Во врска со последното невреме кое го зафати Охрид во текот на попладневните часови, ја информираме јавноста дека екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците.
Еден милион евра за Југозападниот плански регион
Со средства од националниот буџет ќе се подобри енергетска ефикасност на објекти, а ќе биде поддржан и локалниот економски развој во 9 општини. Наскоро, Бирото за регионален развој ќе почне со одржување на форуми за избор на нови регионални проекти кои ќе се реализираат во оваа и следната година.
Со поставување на подземни и прес контејнери до почист град
Градот ќе го решава проблемот со преполни контејнери со отпад и губре околу нив со поставување на подземни и прес контејнери. Недостатокот од подземен катастар го оневозможува поставувањето на подземни садови за отпад па ќе се применува решението со поставување на прес контејнери во населбите кај што има колективни згради, информираат од ЈП Охридски комуналец.