Skip to main content
Авг 20, 2018

Охриѓани и пациенти од регионов повторно добиваат компјутерска рендген дијагностика на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Проработе томографот кој цела година беше нефункционален поради потребата од нова рендгенска цевка.


Авг 20, 2018

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со прес конференција го критикуваше охридското здравство. Критиките се  упатени за старите и нереновирани болници, расипаните медицински апарати и вработувањето на медицински сестри во Општа болница Охрид.  


Авг 20, 2018

Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните (физички и правни лица) кои сметаат дека невремето проследено со врнежи од дожд, град и ветер кое го зафати подрачјето на Општина Охрид во петокот, 17ти август, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( угостителски објекти, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори и друго.) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.


Авг 20, 2018

Отворената забавна фудбалска школа собра над двеста деца на терените на СРЦ         „ Билјанини Извори “. По петти пат охриѓанчињата  ќе се дружат и ќе  се поттикнуваат на здрави животни навики. Градот и државата треба многу малку да направат за децата масовно да  спортуваа , предлагаат професорите по спорт.


Авг 17, 2018

Запален автомобилот на охридскиот адвокат Мишел Наумоски. Тој пред камерата на ТВМ открива дека синоќешниот инцидент е последен во низата закани кои ги добивал. Вели дека се чуствува несигурно и очекува сторителите да бидат изнесени пред лицето на правдата.


Сеп 16, 2021

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(36) од Штип.


Авг 17, 2018

Опомена од Агенцијата за храна и ветеринарство за начинот на кој општина Охрид се справува со проблемот со кучињата скитници. Градоначалникот Јован Стојаноски решението на проблемот го гледа во изградбата на регионалнен стационар како проект на  Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Од таму оптимистичка најава дека до крајот на годинава ќе биде завршен делот со техничката документација.


Авг 17, 2018

Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги  носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање. На 10 км утре во водите на Охридското езеро ќе пливаат аргентинците  Морено и Бертола, бугаринот Ајдарски, холанѓанеоцт Шоутен. Од македонските пливачи на маратонот ќе пливаат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, а за прв пат во женска конкуренција и Ева Петровска.