Skip to main content
Авг 8, 2018

Во Националниот парк Галичица во овие летни денови посетителите се движат слободно без забрани заради појава на пожари. Ренџерите деноноќно ја чуваат планината од шумски пожари. Во националниот парк има се повеќе туристи кои трагаат по планински авантуризам. Паркот воспоставил соработка со туристичките агенции кои се во постојан контакт со ренџерите на паркот.


Авг 8, 2018

„Потфрлување на топката“  најдобар расказ за 2018та година.  Стручното жири едногласно го избрало овој расказ од 50тина пријавени творби  на конкурсот на општина Охрид по повод манифестација Вечери на Живко Чинго.


Авг 7, 2018

„Девојчето со жиците“ интимна драма, поставена во позадината на општествените случувања во современа Европа вечерва во рамки на драмската програма на годинешното издание на „Охридско лето“.


Авг 7, 2018

Јавните тоалети нe проработија во екот на туристичката сезона.Од ЈП Комуналец тоа го правдаат со пропаѓање на два тендери за електронскиот систем на наплата. Оптимистички велат дека за 10-тина дена ќе бидат ставени во функција петте  ново изградени санитарни контејнери.


Јан 14, 2022

Родителите на децата со церебрална парализа од Охрид бараат Дневен центар за згрижување, нега и анимација на оваа категорија лица. Се жалат велат нивните деца се диксриминирни и исклучени од општеството. Проблемот го пријавија во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија.


Авг 6, 2018

Охридските акцијаши најдобри на големата акција за чистење, „Скопје на дланка“. Во оваа акција организирана по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје на која учествуваа уште 200 акцијаши од поранешните југословенски републики. Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, денес  ги прими акцијашите  и за постигнатите успеси им додели благодарници со надеж дека во иднина активно ќе се вклучуваат и во секоја акција за чистење на Охрид. 


Сеп 16, 2021

Соочувањето на државата со можно сценарио на катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот регион и начинот на искористувањето на своите ресурси, како и помош од партнерите од НАТО во услови кога се исцрпени сите постоечки капациети за справување со кризата, е сценариото на големата вежба на НАТО „Македонија 2021“ што деновиве ќе се одржува на повеќе локации во Охрид и Струга.


Авг 6, 2018

 Од организацијата на потрошувачи предупредуваат купувачите да  ги читат декларациите на прехранбените производи. Укажуваат на состојби со поставување на лажни слики како трикови кои се користат за означување на храната  во трговијата. На производите се ставаат слики кои не се соодветни за содржината во прехранбените артикли.