Skip to main content
Сеп 16, 2021

Општина Охрид постави современи информативни табли со QR код на 100 објекти од културно значење, како дел од Проектот за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи-„ИРЦ -ХЕРМЕС“.


Јул 16, 2018

Граѓаните на Охрид како и многубројните туристи ќе можат да пристапат до градскиот плоштад и споменикот на патронот на градот Св.Климент Охридски движејќи се по „цветен тунел„ .


Јул 13, 2018

Поради зголемената фреквенција на сообраќај, а со цел безбеден и проточен сообраќај,  од 17 јули времено ќе биде затворена автобуската постојка на бул.“Туристичка“ кај зградата Печијаре.


Авг 2, 2018

На 39тиот Илинденски пливачки маратон триумфираа Јана Милкоска и Стефан Цветкоски од Скопје. 10 годишниот охриѓанец Василиј Топалоски доби пехар од Градоначалникот Стојаноски за најмлад учесник на маратонот. За младите пливачки надежи, мора сите да работиме заедно, во иднина да го вратиме сјајот на охридското пливање, кажа Градоначалникот.


Авг 2, 2018

Охрид го одбележа 2 август Денот на државноста на Македонија. Се одржа  историски час за текот на создавање на македонската држава и нација. Пред биститите  на борците од илинденскиот период и Ноб беше положено свежо цвеќе.


Авг 1, 2018

Oд денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Ова бистро се наоѓа во комплексот „Village Вања Камчев“, а таму можат да се најдат најразлични готвени јадења, супи и салати за многу ниски цени. За првите посетители на денешното отварање на бистрото следуваше дополнителен попуст од 50% на целата храна.


Авг 1, 2018

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  одржа пресс конференција поради свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид. Тие потсетија дека тоа е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено се горди како партија, но исто така потсетија и дека кога отпочнува проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа. 


Авг 1, 2018

Пуштена во употреба современа автобуска станица во Охрид. Во нејзина близина поставени  темели и на  нов трговски центар на површина од 8 илјади метри квадратни. Премиерот Зоран Заев го поздрави потегот на македонските инвеститори да учествуваат во изградба на нови објекти кои ќе допринесат за поквалитетен живот на граѓаните.