Од утре овластени лица и полиција на рампите
Проектот со редуцирање на сообраќајот и ограничувањето на влезот во стар град со рампи е добро решение и во иднина ќе се работи на негово подобрување, велат од локалната и најавуваат од утре присуство на овластени лица и полиција на рампите. Велат дека го разбираат револтот кај дел од граѓаните и апелираат на смиреност и почитување на сообраќајните прописи и правила.
Во пораст авантуристичкиот туризам во охридскиот регион
Расте интересот за авантуристички туризам во охридскиот регион. Тоа, пак укажува на потребата од постоење на регионален или национален систем за брзо и ефикасно спасување во ризични ситуации. Охридските волонтери за спасување само во еден ден примиле два повици за интервенирање што не било случај во изминативе години.
Петков – „човекот амфибија“ постави нов светски рекорд во Охридско Езеро
Бугаринот Јане Петков , денеска во водите на Охридското езеро постави нов светски рекорд за Гинис. Човекот амфибија како што го нарекуваат , исплива 3380 метри, во вреќа , врзан во со ланци. Настанот измина во беспрекорна организација за која се погрижи Црвен Крст Охрид.
Охрид и Поградец добија опрема за центрите за спасување на вода и планина
Охрид и Поградец добија опрема за центрите за спасување на вода и планина. Опремата е добиена преку фондовите на ЕУ како заеднички проект за прекугранична соработка за брзи интервенции во ризични ситуации за спасување. Со тоа регионот од двете страни на Охридското езеро ќе биде ставен на светскиот туристички пазар како привлечна дестинација безбедна за авантуристички туризам.
За Јане Петков ладните струи во Охридското езеро најважни за утрешниот Гинисов рекорд
За Јане Петков, човекот амфибија, струењето на водите во Охридското езеро е многу важно за поставување на утрешниот Гинисов рекорд. Петков ќе плива 3 и пол километри од Горица три до градското пристаниште со врзани екстремитети во вреќа. За безбедноста на Јане ќе се грижат неколку лекарски тимови и спасители на вода, а пливањето ќе го надгледуваат судии и претставници од Гинис.
Средба Спасовски – Нухоџиќ: Заедно на пат кон ЕУ
Пријателските односи меѓу Македонија и Црна Гора треба да се искористат за соработка во сите области од заеднички интерес а посебно во делот на интеграциските процеси во ЕУ.
Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот Ден за Прва помош
Охридскиот Црвен крст, како едно од своите приоритетни заложби го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите, како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди.
„На секое дете му треба семејство“
„На секое дете му треба семејство“. Под овај слоган денес на градскиот плоштад во Охрид беше промовирана кампањата која треба да ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца. Во моментов во Охрид има 3 згрижувачки семејства, а и уште едно има интерес да им подаде рака на децата кои немаат сопствен дом.