Лесковчани реагираат на недостаток од вода за пиење од водоводната мрежа
Лесковчани реагираат на недостаток од вода за пиење од водоводната мрежа. Од Проаква информираат дека тоа се должи на зачестените дефекти при поставување на фекална канализација. Апелираат граѓаните да бидат совесни и да не ја користат водата за пиење за наводнување на градините.
Обновен лектирниот фонд за учениците во средно образование
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година се потруди да го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија.
Бесплатен интернет за туристите
Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, Локалната постави опрема и пушти во употреба Hot Spot бесплатен интернет на 3 најпосетувани локации во Охрид и тоа на плоштадите Св. Климент Охридски и Крушевска република кај Чинарот и на Плаошник.
Утре прекин во водоснабдувањето на Кеј Македонија
Прекинот ке биде од 9 до 12 часот информираат од Р.Е. Водовод Охрид.
Локалната бара разбирање од граѓаните за претстојната „Бела ноќ“
Општина Охрид, до граѓаните, особено до оние кои живеат во стариот дел на градот, упатува апел за разбирање во врска со бројните настани кои ќе се одржат во рамките на манифестацијата „ Бела ноќ“.
Југозападниот плански регион доби средства за три проекти
Југозападниот плански регион со Бирото за регионален развој потпишаа три договори за користење средства од националниот буџет. Парите ќе бидат наменети за подобрување на патната инфраструктура и изведба на енергетски ефикасни објекти во неколку општини од регионот. Проектите треба да бидат готови до месец ноември.
Подводните нуркачки авантури во Охридско Езеро се поатрактивни за туристите
Гости од европските земји специјално доаѓаат во Охрид за да уживаат во подводните екскурзии во охридското Езеро. Нуркањето последниве години станува се поатрактивна рекреација и за локалното население. Најатракативна локација за нуркачите е Заливот на коските, велат од нуркачкиот клуб Амфора.
Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на фестивалот „Охридско лето“
Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на фестивалот „Охридско лето“. Во претстојните 40 дена ќе продефилираат повеќе од 800 музички и театарски уметници од 27 држави од Европа и светот. Завршени се и активностите околу доуредувањето на сценските простори каде што ќе се одржуваат настаните на фестивалот.