Skip to main content
Охридско езеро
Сеп 7, 2022
Управа за хидрометеоролошки работи
Нивото на Охридското езеро изминатиов месец било за 10 см под просекот за август. Денешната кота изнесува 693,36 м.н.в., или 26 сантиметри до минималната кота. Со намалувањето на Преспанското Езеро се намалува и Охридското, итно е потребна меѓународна мрежа за контролирање на водостоите и на двете природни езера.

Европски елени
Сеп 7, 2022
НП Галичица
Достигнат бројот 100 единки на Европски елен во природниот резерват „Косто бачило“ со што се отвора можност уште кон крајот на октомври годинава да се ослободат првите 60 елени во рамки на Националниот парк Галичица.

Изложба на стари фотографии
Сеп 7, 2022
Охридски архив
Изложба на стари фотографии од Охридскиот архив утре ќе биде поставена на плоштадот „Табана“, кај Долна порта.

спортска сала
Сеп 7, 2022
Во сопственост на владата
Владата е сопственик на спортската сала „Билјанини извори“. Објектот го впишала во катастар на свое име без претходно известување до ЈП. Салата сега е во правен вакум иако е изградена со средства од охриѓани. Од изградбата пред повеќе од две децении па се до пред три години објектот не бил впишан во катастар.

Полиција
Сеп 7, 2022
Кривична пријава
37-годишен охриѓанец доби кривична пријава откако полицијата кај него пронајде пиштол и куршуми кои тој нелегално ги поседувал.

Комуналец
Сеп 7, 2022
На локациите каде се наталожени поголеми количини наноси е ангажирана и специјална механизација за расчистување.

Нови книги
Сеп 7, 2022
Григор прличев охрид
Од понеделникот градската библиотека за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

Градска библиотека
Сеп 7, 2022
Мини изложба
Во септември се родени писателите: Димче Маленко, Боро Ѓорѓиески, Милош Линдро, Љубица Чифлигароска и Виолета Ачковска.