Skip to main content
Јул 5, 2018

ЈП Градски гробишта излегува од долгови. За пола година вратена половина од должничката сума. За два месеци наплатени над милион денари без да се покренат извршни постапки. 


Јул 4, 2018

Oхрид е на врвот на листата општини со најголем број дивоградби во земјава. Според соопштението на Државниот завод за статистика лани биле регистрирани 68 дивоградби. Градот признава дека има сериозен проблем  со дивоградбите. Со години им пропаѓаат тендерите за избор на фирма која ќе ги  руши бесправно изградените објекти


Фев 28, 2022

На 27.02.2022 година, при сообраќајни контроли извршени од 13 до 18 часот, полициски службеници во Охрид затекнале 22 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (14-надвор од населено место и 08-во населено место).


Јул 4, 2018

Во организација на Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, од денес до 7-ми јули 2018 година ќе се одржи 57-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.


Сеп 15, 2021

Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.


Јул 3, 2018

Наскоро ќе биде отворена етнолошка поставка во Музејот на Робевци. Интересот  за етнолошките предмети од минатото на Охрид кај туристите е голем. Од Завод и музеј веќе склучиле договори со неколку поголеми туроператори за посета на музејот. Се прават завршни подготовки и во Лапидариумот кој е во надворешниот дел од музејот на Робевци.  


Јул 2, 2018

Од денес и официјално започна зонското паркирање и наплатата на паркинг услуга преку смс систем. Од ЈП Билјанини извори се подготвени да им излезат во пресрет на граѓаните и туристите при користењето на услугата. Наплаќањето ќе се врши во зоните А и Б а за зоната Ц дополнително ќе се размислува дали ќе се врши наплата на паркинг. 


Јул 2, 2018

Промовирани охридската цреша и  еколошки производи од  охридскиот регион. Производителите имаа можност да ги изложат  производите кои носат ознака бренд со географско потекло и кои се одгледуваат во Охридско преспанскиот резерват. Лошиот пласман на црешата им предизвика главоболка на овоштарите кои  не пројавија голем интерес да  учествуваат на промоцијата.