Skip to main content
Јун 28, 2018

Единицата за спасување на планина и непристапни терени оформи возен парк со две теренски возила од кои  едното опремено со амбулантска опрема за транспортирање повредено лице од тешко пристапен терен. Во тек е и набавката на целокупната потребна опрема и тендерските процедури за изградба на  центар за спасување на планина кој ќе биде еден од најсовремените во Македонија и пошироко.


Сеп 15, 2021

Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто, кај домашните за 56,6, а кај странските за 56,6 проценти.


Јун 28, 2018

 Од Капетанија повикуваат сопствениците на пловила закотвeни  во близина на мостот веднаш да ги отстранат. Потсетуваат на  универзалното правило пловни објекти да не се паркираат под мост посебно кој што се подига. Од охридската капетанија најавуваат изрекување санкции за сопствениците кои нема да го почитуваат ова правило во пловниот сообраќај.


Јун 27, 2018

Полуматурантите кои не успеаа да се запишат во некое од средните училишта во првиот рок утре ќе поднесуваат документи во второ пријавување во јунскиот рок. Во првиот рок најголем интерес за гимназиско образование и медицина. И како во изминатите години , така и за учебната 2018/2019 година, во туристичкиот центар Охрид, нема интерес за струката келнер.


Јун 27, 2018

Законот за спречување на нелојалната конкуренција во занаетчиските дејности не заживеа, реагираат од  охридската регионална комора. Иако со последните законски измени се врати можноста за ангажирање на калфите интересот  кај занаетчиите е мал.  Со новиот закон за занаетчиите се уредува финансирањето на коморите со што плаќањето чланарина е задолжително.


Јун 27, 2018

На локалниот пат за Велестово потребна е итна санација на поткопан асфалт покрај патот. Лошо завршени градежни работи довеле до поткопување на  асфалтот кој секојдневно полека се уништува. Патниот правец Охрид Велеството беше целосно реконструиран  пред  2 години. 


Јун 26, 2018

Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски денес  имаше протоколарна средба со претставници од  Советот на словенечкиот град Пиран.


Јун 26, 2018

Секретарот на општина Охрид Игор Бежоски денеска прими  ветерани од културно уметнички друштва  од бившите југословенски простори кои учествуваа на фестивалот  „Разиграно оро“  што се одржува од 23 до 27 јуни во Охрид.