Двата базени на СРЦ Билјанини извори ќе бидат отворени на први јули
Двата базени на СРЦ Билјанини извори ќе бидат отворени на први јули. Се прават завршните подоготовки по успешното сервисирање на сите инсталации. Оваа летна сезона од пливачкиот базен Атина Бојаџи најавуваат и нови содржини како што е ноќното пливање.
Локалната им даде 3 дена рок на угостителски објекти на ул Коста Абраш да ги отстранат нелегално поставените маси и столици
Угостителските објекти на ул Коста Абраш поставуваат маси и столици на тротоар и на коловоз кршејќи го законот и Програмата за поставување урбана опрема донесена од грдските советници. Ова во акциска контрола го утврдија инспектори од локалната и полициски службеници. Прекршителите имаат рок од 3 дена да ги отстранат масите и столиците.
Ценатрот за јавно здрвје ќе го испитува пристуството на видот на комарците на охридското крајбрежје
Ценатрот за јавно здрвје ќе го испитува пристуството на видот на комарците на охридското крајбрежје. Со поставување на мамци ќе се утврди дали има присутво на инвазивни комарци кои ги предизвикуваат заразните болести маларија и западно нилска треска. Вакво испитување се прави по повеќе од 2 децении.
Во охридско почна бербата на цреши, а овоштарите се загрижени за квалитетот на родот
Во охридско почна бербата на цреши, а овоштарите се загрижени за квалитетот на родот. Временските услови во април и врнежлите три дена имаат негативно влијание врз црешата. Овоштарите кои одгледуваат цреши се жалат на откупната цена дека е пониска за разлика од минатата година.
Засилена инспекција за доследно спроведување на Програмата за поставување урбана опрема
Узурпирањето на јавни површини со маси и столици продолжува и покрај јавно искажаниот став на локалната дека нема да го толерира самоволието на дел од угостителските објекти. Се што е надвор од програмата за поставување урбана опрема ќе биде санкционирано и ќе им бидат одземани одобренијата на угостителите кои не ги почитуваат правилата, дециден е Градоначалникот. Но нема инспектори на терен да ги констатираат прекршоците.
Тепачка во угостителски објект на бул. „Македонски просветители“
На 12.01.2022 околу 21.00 часот во угостителски објект на бул. „Македонски просветители” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Ј. врз Д.С. (18), двајцата од Охрид.
Во Охрид има стагнација на занаетчиските дејности
Во Охрид има стагнација на занаетчиските дејности. Покрај стандардните дејности козметичар и фризер за среќа годинава има регистрација на два нови занаети опинчар и изработувач на тетоважи. Младите се интересираат за занаетчиски дејности но во старт се откажуваат поради високите давачки кои мора да ги плаќаат кон државата.
Томас Вајц : Треба да се направи се за да се зачува статусот на Унеско
Да се има заштитата на Унеско како светско природно и културно наследство е вистински престиж. Токму затоа Охрид треба да направи се за да го зачува статусот на Унеско, вели копретседателот на Европските зелени Томас Вајц. Мора да се изнајде начин за одржлив развој на туризмот во склад со еколошките препораки и зачувување на вредното културно и природно наследство. Првенствено мора да се расчисти во однос на дивоградбите.