Колекторскиот сиситем на Охридското езеро е во колапс
Колекторскиот сиситем на Охридското Езеро е во колапс. Пречистителната станица во Враништа и пумпните станици не функционираат и претставуваат еколошка бомба. Општините Охрид и Струга очекуваат Владата да го ревитализира постојниот колекторски сиситем или да изгради нов. Денес се одбележаа светскиот ден за заштита на животната средина и 3 децении од пушатање во употреба на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од отпадни води, кој е во критична состојба.
Тав Македонија ја прошири мрежата со нова авионска рута Варшава-Охрид
157 полски туристи пристигнаа во Охрид со првиот сезонски лет од Варшава. 3000 гости ова лето ќе го посетат Охрид преку аранжмните на тур-операторот „Rainbow , еден од двата најголеми полски тур-оператори. ТАВ Македонија континуирано ја проширува мрежата на рутите до охридскиот аеродром додавајќи ја на фрекфетна летна сезона и дирекната линија Варшава Охрид која заедно со онаа од Катовице ќе донесе летово 9000 полски туристи на охридската ривиера.
Охридскиот Народен театар прослави 7 години професионално постоење
Охридскиот Народен театар прослави 7 години професионално постоење. Во изминатите години успешно чекори во нагорна линија. Актерите одиграле 26 премиери , а плановите за иднина се големи . Меѓу нив се подобрување на условите за работа и заложбата за изградба на современ театарски објект.
Над илајда тркачи од 10 држави ќе трчаат на спортската манифестација Охрид трчат
Над илајда тркачи од 10 држави ќе трчаат на спортската манифестација Охрид трчат. Во недела на 3 јуни на 5 и 10 км ќе трчаат спортисти, рекреативци, политичари, музичари. Организаторите упатуваат апел охриѓани и туристите да имаат разбирање за двочасовното затварање на градските улици во централното градско подрачје. Воедно бараат од сопствениците на возилата на улиците на кои ќе се одржува градската трка да нема паркирани автомобили.
Oд 11 до 14 часот прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Поради изведување на градежни активности (минирање, бушење на косини на пат во двата правци) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Песочан, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот, информираат од АМСМ.
Проектиран документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици во ОУ Св. Климент Охридски
Проектиран документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици во ОУ Св. Климент Охридски. Едукативен филм, полн со силни емоции од кој другите училишта треба да извлечат искуство за вклучување во образовниот процес на децата со различности. Николина Новакоска, ученичка од ова училиште е главниот протагонист.
ИПА Македонија на конгрес на Грчката секција на ИПА
Двочлена делегација на Македонската секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), учествуваше на 34 национален конгрес на Грчката секција на ИПА, што од 9-ти до 13-ти мај годинава се одржа на островот Крит.На конгресот, репрезенти на ИПА Македонија беа м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА-регион Охрид и Душан Јованов, претседател на комисија за надворешни односи.
WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“, промовиран во Струга
Претприемништвото секогаш има потенцијал и нуди можности, доколку се препознае. За жал во нашата земја сеуште е мал бројот на жени претприемачи. Денес во Струга се одржа промотивен настан на проектот WE MAKE „Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“.