Skip to main content
Сеп 14, 2021

Вчера, во Охрид започна 12-тата по ред Меѓународна конференција од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Темата на овогoдинешната конференција е „30 години независна македонска држава“.


Мај 29, 2018

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека ден   31.05. 2018год. (четврток)   екипа на Центар за јавно здравје Охрид  Ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .


Мај 29, 2018

„Мој Охрид, чист Охрид“. На 9ти јуни охриѓани ќе го чистат крајбрежниот појас од Воска до Пештани, во пресрет на главната туристичка сезона. Организаторот, менаџерот на охридското Супер радио, Сашо Митаноски повикува на масовен одзив на охриѓани бидејќи чистата животна средина е за доброто на сите нас.


Мај 29, 2018

Високиот водостој на Охридското езеро  им прави големи штети на угостителите и жителите на крабрежјето. Подолг временски период и при мртов бран се поплавуваат терасите и се подлокува земјиштето и се нарушува стабилноста на куќите. Загрижените угостители и граѓани апелираат Елем веднаш да ги отвори испустите и да ја почитува законски пропишаната висина на квотата на водостојот. 


Мај 25, 2018

Бројни охриѓани, но и гости  од земјава и странство синоќа уживаа во концертот на неповторливиот Горан Трајкоски, што се одржа на градскиот плоштад во Охрид. На концертот беа изведени дела од неговиот најнов проект „Тешкиот глас на новите химни“.


Мај 23, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со делегација од градовите Тутлинген и Меринген од германската покраина Баденвитенберг, предводена од  Клингештајн  Хервиг градоначалник на Меринген


Мај 23, 2018

Делегација на Република Словачка, предводена од амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш, во придружба на потпретседателот на Жилинскиот самоуправен регион, Милан Лауренчик, генерелниот викар на епархијата на Жилина, како и градоначалникот на Терхова, Јозеф Давидик и директорот на градскиот културен центар Терхова, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.


Мај 22, 2018

Почитувани сограѓани и припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,
Прославувањето на Националниот ден на Власите како празник, претставува симбол за почит кон Влашката култура и Влашкото малцинство што живее на овие простори.- стои во честитката на градоначалникот, Јован Стојаноски.