Уличните кучиња, биолошка закана за Охрид
Монденски град со монденска култура, не може да се прави со главниот декор во градов, уличните кучиња. Скитниците, се главниот вектор за многу сериозни заболувања и претставуваат биолошка закана за туристичкиот бисер, предупредуваат докторите. Тие ја повикаа градската власт во најбрз можен рок да преземе мерки за да справи со овој проблем додека не биде предоцна, бидејќи на секој од нас пред се ни се децата, иднината на секое општество.
Со свечена академија економското училиште од Охрид го одбележа својот патрон
Средното стручно училиште Св Кирил и Методиј го одбележа својот патронат.
Работиме напорно во скромни услови а бројот на ученици се зголемува, посебно откако ова средно училиште функционира како посебна установа, истакна директорката Славица Костоска, на синоќешната свечена академија.
Основците ја истрчаа километарската Трка на различностите
Основците ја истрчаа километарската Трка на различностите. Организаторите на Охрид трчат задоволни од пројавениот интерес на учениците од Охрид, Струга, Кичево, Дебрца. Пред главниот спортски настан на 3 јуни следува трката за децата од градинките.
Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура
Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура за заштита на природното и културното наследство на охридскиот регион. Во неговиот исказ најприоритетна задача е донесување на измени на Законот за управување со Охридскиот регион како и донесување на План за управување.
Мечка напаѓа улишта во околината на неколку охридски села
Мечка напаѓа улишта во околината на неколку охридски села. Петнаесетина пчелари остана без шеесетина пчелни семејства бараат институциите навремено да ги утврдат настаните штети. Охридските пчелари влегоа ова година со доза на песимизам, но временските услови во април помогнаа пчелните семејства да обезбедат доволно мед за опстанок.
23 санкции за непрописно престигнување на подрачјето на СВР Охрид
На 12.09.2021 година од 15 до 20 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале и санкционирале 23 возачи на патнички моторни возила кои, претекнале други возила на места каде е забрането престигнување (Охрид-12, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03).
Случувањата поврзани со Али Пашината џамија имаат политичка позадина
Случувањата поврзани со Али Пашината џамија имаат политичка позадина, обвинуваат од Граѓанското здружение „Совест“. Бараат Градежниот инспекторат веднаш да постапи согласно законите и изграденото кај Али Пашината џамија да се прогласи за дивоградба.
Случувањата поврзани со Али Пашината џамија имаат политичка позадина
Случувањата поврзани со Али Пашината џамија имаат политичка позадина, обвинуваат од Граѓанското здружение „Совест“. Бараат Градежниот инспекторат веднаш да постапи согласно законите и изграденото кај Али Пашината џамија да се прогласи за дивоградба.