Апр 18, 2025
православен календар
Православните христијани денес го одбележуваат Велики Петок, најтешкиот ден во христијанството
Православните христијани денес го одбележуваат најтажниот ден во годината, Велики петок. Во пресрет на еден од најголемите христијански празници, овој ден се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.
Апр 18, 2025
УХМР
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени Целзиусови.
Апр 17, 2025
Започна реконструкцијата на кабинетите за практична настава во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Целта е да се обезбедат современи услови за образование на децата кои одлучиле или ќе одлучат во иднина токму во ова училиште да стекнуваат знаења и вештини.
Апр 17, 2025
Охриѓани во голем број го посетија хуманитарниот Велигденски базар
Tрадиционално во пресрет на големиот христијански празник Велигден, денеска на плоштадот „Крушевска република“ се одржа Велигденски базар. Манифестацијата веќе деветта година по ред е промотор на ракотворбите изработени од вредните раце на охридските ученици и вработени во охридските компании. Денес беа изложени велигденски украси, сувенири и традиционални македонски специјалитети, а дел од собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели.
Апр 17, 2025
Велосипедистите го поддржуваат доделувањето на ваучери за набавка на велосипеди
Овој потег на локалната ќе ја зголеми свесноста за придобивките од возење велосипед.
Апр 17, 2025
Денес симулациска показна вежба на Црвен Крст и СВР Охрид на паркингот пред плоштад „Чинар“
Службениците од Одделот за превенција при СВР Охрид, заедно со волонтерите на Црвен крст Охрид ќе делат едукативен материјал за важноста од почитување на сообраќајните прописи со особен акцент на правилно врзување на сигурносен појас во возилото и правилно носење кацига при управување мотор.
Апр 17, 2025
Охриѓанецот Леонид Тодоровски е државен првак во трета година, средно образование
Леонид е ученик во ПСУ „Јахја Кемал“- Струга. Честитки!
Апр 17, 2025
Денес „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“
Собраните финансиски средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.