Мај 24, 2022
Се намалува бројот на пеликани во земјава
МЕД заедно со соработници од ПП Езерани и НП Галичица учествуваа во меѓународното пребројување на пеликани во ЈИ Европа.
Мај 23, 2022
Ден на македонските просветители
Промовирана книгата за светите браќа Кирил и Методиј
Промовирано изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во рамки на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители. Пред нас имаме дело што уште еднаш ги потврдува и ги реактуелизира и по милениум, заложбите на Св. Кирил и Методиј да се зборува на сопствениот јазик, ќе каже промоторот на делото. Ова дело на Пандев и Ѓорѓо Димоски е 5-то по ред, од серијалот на книги на охридски и македонистички теми чиј издавач е Општина Охрид.
Мај 23, 2022
СОСУ св. кирил и методиј
Ученици ги претставија своите професионални модели
Средношколците од стручното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во рамки на одбележувањето на патронатот, го промовираа проектот „Мојот професионален модел на вработен“. Станува збор за претставување на иновативен и интересен начин на соработка на учениците со вработените во претпријатијата каде што се обавува практиканство. Проектот е организиран од средното училиште „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на професор Весна Карамитре, во соработка со професор Гордана Бешироска Ристеска.
Мај 23, 2022
Национални паркови
НП Галичица и пријателите поблиску до вас
Отворен ден „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“, со цел промоција на сите туристички вршители на дејност и самиот парк.
Мај 23, 2022
Влашка етничка заедница
Честитка на Пецаков за Националниот ден на власите
Честитка по повод 23-ти мај, Меѓународниот ден на власите, упати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Мај 23, 2022
Загрозување со опасно орудие
Кривична пријава за охриѓанец
Охриѓанец доби кривична пријава за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Мај 23, 2022
Казнети шест возачи
Управувале возило под дејство на алкохол
Полициски службеници извршија контрола на 70 возачи на моторни возила. Казнети 6 возачи поради управување возило под дејство на алкохол.
Мај 23, 2022
Свр охрид
Маж пронајден мртов во хотелска соба
Маж од Косовска Митровица е пронајден мртов во хотелска соба во Охрид. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, велат од СВР.







