Skip to main content
Заштита на урбаните јадра
Мај 9, 2022
Семинар во охрид
Во Охрид се одржува семинар на тема „Заштита на урбаните јадра“. Семинарот е во организација на „Sites & Cites“ од Франција.

НП Галичица
Мај 9, 2022
Заштита на природата
На 23-ти мај ќе се одржи Отворен ден на Националниот парк Галичица и пријателите, информираат од Јавната установа.

Социјално загрозени лица
Мај 9, 2022
Соцјијала
Расте бројот на социјално загрозени лица кои бараат помош од Црвениот крст во Охрид. Економската криза, го зголеми нивниот број.

крводарителска акција ФТУ
Мај 9, 2022
Крводарителство
Крводарителска акција по повод Неделата на црвениот крст. Акцијата ќе се одржи на ФТУ во Охрид по повод Неделата на црвен крст.

Комуналец галичица
Мај 7, 2022
Одржување на чист и зелен охрид
Меморандум за соработка потпишаа ЈП „Охридски Комуналец“, Националниот парк „Галичица“ и невладини организации од Охрид. Соработката помеѓу договорните страни ќе се однесува на заеднички активности и едукација за подигнување на еколошката свест, заштита и унапредување на животната средина, одржување на јавната чистота и справување со депониите на територија на Општина Охрид.

Меморандум за соработка
Мај 7, 2022
Потпишан меморандум за соработка
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка во чест на 7-ми мај, Денот на македонската полиција.

Апел за помош
Мај 7, 2022
Апел за помош
Апел за помош на охриѓанката Адријана Стефановска, на која и се потребни финансиски средства за итна операција.

Питачење
Мај 7, 2022
Нво градиме иднина
Проблемот со питачењето институционално да се решава и да се заштитат децата од злоупотреба, бара Здружението „Градиме иднина“ од Скопје. Невладината изминативе 5 месеци спроведува теренски истражувања во повеќе градови меѓу кои и Охрид и Струга во рамки на проектот „Стоп за питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“. Анализите ќе бидат доставени до сите релевантни институции, секторите за внатрешни работи, локалните самоуправи, центрите за социјални работи.