Авг 6, 2022
Фолклорен ансамбл
Отекс Фолк на 10 дневна турнеја во Италија
Фолклорниот ансамбл „Отекс Фолк“ денеска заминува на 10 дневна турнеја во Италија, каде ќе учествува на Меѓународен фолклорен фестивал.
Авг 6, 2022
Лишен од слобода
Пронајдена дрога кај ресенчанец во Охрид
Кеса со бела прашкаста материја, пронајдена кај ресенчанец во Охрид. Во неговиот дом е пронајдена и дробилка со остатоци од марихуана.
Авг 6, 2022
Улица марко нестороски
Охриѓанец нападнат од Пит Бул
24-годишен охриѓанец и неговото куче биле нападнати од куче раса Пит Бул кое излегло од двор на ул. „Марко Нестороски“ во Охрид.
Авг 6, 2022
Охридско лето
Одличен концерт на Виенска камерна симфонија
Прекрасно музицирање на младите уметници од „Виенска камерна симфонија“ вчеравечер на фестивалот „Охридско лето“.
Авг 6, 2022
Summer comedy marathon
Стендап шоуто Да БолиТ вечерва во Џез Ин
Најновото стендап шоу „Да БолиТ“ на Никола Тодороски, вечерва во култното Џез Ин со почеток во 20 часот. Билетот чини 250 денари.
Авг 5, 2022
Вирусно заболување
Охриѓани и туристите се едуцираа за хепатитис
Охриѓани и туристите денеска се едуцираа за хепатитисот и имаа можност бесплатно да се тестираат за ова вирусно заболување. Настанот беше по повод Светскиот ден за борба против хепатитис, организиран од Хепар Центар Битола во соработка со Здружението „Ретко е да си редок од Охрид“. Последните податоци од теренските тестирања покажуваат зголемување на бројот на случаи на хепатитис во земјава. Потребно е подигнување на свеста кај населението да се тестира, посеопфатен скриниг и поголеми буџети за терапија, порачуваат од Хепар Центарот.
Авг 5, 2022
Физички напад
Тепачка на булеварот Туристичка
Двајца охриѓани физички нападнале 24-годишен сограѓанин на бул. Туристичка. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Авг 5, 2022
Атар на селото волино
Возило излетало од патот кај Бел мост
21-годишник од Кичево со своето возило излетал од патот кај месноста „Бел мост“. Неговиот сопатник се здобил со тешки телесни повреди.







