Skip to main content
Фев 3, 2022

Во тек се февруарски уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.


Дек 14, 2021

Градскиот ракометен клуб Охрид утре пред нов предизвик. Во спортската сала Билјанини извори доаѓа екипата на Радовиш која никогаш нема победено во Охрид. Оваа традиција треба да продолжи само доколку не се потцени противникот, изјавуваат ракометарите.


Фев 3, 2022

УХМР најавува дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.


Дек 14, 2021

Завршна симулациска показна вежба за заштита и спасување од елементарни непогоди во среда ќе се реализира во Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид.


Фев 3, 2022

Градоначалникот на Општина Охрид објави Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.


Дек 14, 2021

21-годишен охриѓанец како касиер во спортска обложувалница противправно присвоил пари од прометот и дел од нив искористил да на VLT апарати, а дел ги давал на играчите кои во моментот биле присутни во обложувалницата. А во кругот на Општата болница во Охрид, 39-годишен маж бил каснат од куче скитник. Погледнете го најновиот СВР Билтен.


Фев 3, 2022

СОСУ “Св. Кирил и Методиј” Охрид од следната година воведува нов образовен профил, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг.


Дек 14, 2021

Во посета на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општа болница Охрид, беше градоначалникот Кирил Пецаков. Од страна на вработените беше запознаен со начинот на фукционирање и работење на Центарот, но и за нивните потреби.