Светскиот ден на танцот ќе се одбележи и во Охрид
Светскиот ден на танцот ќе се одбележи и во Охрид. Младинскиот културно образовен центар Соната организира музичко хуманитарен хепенинг. На Dance Battle ќе танцуваат членови од стидото за танц, а може да се приклучат и сите кои го сакаат танцувањето.
Уништен овоштарник во Трпејца
Инцидент во Трпејца. Уништен овоштарник и отруен домашниот миленик.
Вечерни концерти на плажи-законски или противзаконски?
Веќе се најавени првите поголеми настапи кои се закажуваат за доцните вечерни и раните утрински часови, па се наметнува прашањето дали со тоа не се прекршува дозволеното работно време.
Земјоделците се обучуват и се информираат како да извлечат пари од европските фондови
Земјоделците се обучуват и се информираат како да извлечат пари од европските фондови. Од Руралната коалиција им советуваат при аплицирањето за Програмата за рурален развој да настапуваат како здруженија, а не како поединци. Апелираат на многу поголема соработка меѓу општините, подрачните единици на Министерството за земјоделство и Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството.
Тимска работа, спас за проблемите
И годинава Локалната Сампуправа се топори да ги надмине сезонските проблеми, како што е тоа проблемот со поставување на урбаната опрема и бучавоста.
Демне опасност од шумски пожари
Високите температури ги мобилизираа вработените во НП „Галичица“ да ги превенираат можните појави од пожари.
Лицата со попреченост поблиску до остварувањето на своето право на глас
Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Државната Изборна Комисија, во рамките на Проектот Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, одржува регионални работилници на кои ги обучува членовите на ДИК како да им помогнат на лицата со попреченост при нивното гласање.
Николоски и Шокароски неуморни
Николоски и Шокароски, охридските пратеници на ВМРО – ДПМНЕ уште еден од низата работни викенди во Охрид. Овој пат тие ја посетија Н.У. Завод и Музеј и детално се запознаа со гоодинешните активности на оваа установа.