Skip to main content
Мој ДДВ
Јул 27, 2022
Апликација
Се молат граѓаните, корисници на апликацијата да имаат разбирање додека трае процесот на прилагодување, велат од УЈП.

Диџеи
Јул 26, 2022
Елекронска музика
Ohrid Calling по корона затишјето се враќа и ќе руши рекорди во посетеност, најавуваат од Авалон Продукција. 20-тина диџеи од цел свет ќе го направат Охрид епицентар на електронската музика и добрата забава во регионот. Градоначалникот на Охрид побара од гостите на фестивалот примерно однесување, а од охриѓани трпение и гостопримливост.

Касарна Хаб
Јул 26, 2022
Дигитализација
Локалната самоуправа и  Друштвото за истражување и развој „СЕФИДАНИС“ потпишаа мемнорандум за соработка во просториите на касарна Хаб кој е дел од прокетот Ohrid Go кој го имплементира општината. Потписниците се обврзаа дека ќе работат на  афирмација  и поддршка на економскиот развој, креирање на услови за развој на паметни и зелени технологии, создавање на услови за развој и унапредување на претприемништвото и  создавање на кадар, подготовка, развивање и учество во заеднички проекти и истражувачки активности.

Јул 26, 2022
Туризам
Туристите доаѓаат до информации најчесто преку различни дигитални платформи. Од Тлер најавуваат имплементација на најсовремена технологија.

Проект Галичица
Јул 26, 2022
Изработка на инвентар на биолошки и екосистемски услуги
Националниот парк „Галичица“ ќе добие финансиски средства од УНЕСКО за изработка на Инвентар на биолошки и екосистемски услуги, за биосферниот резерват Охрид-Преспа, како и за природното и културно наследство на охридскиот регион.

Пензионери
Јул 26, 2022
Пензионери
Со цел да излезат во пресрет на потребите на клиентите, НЛБ Банка, Комерцијална и Шпаркасе ќе ги исплатат пензиите на 27.07.2022 (среда).

Иван Вокач
Јул 26, 2022
Вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, Традиционална вечер на ЕУ со „Дуо ди Прага“ од Чешка.

Тажна вест
Јул 26, 2022
In memoriam
Почина музичарот и текстописец, Цветан Настоски. Тој почина утрово по кратко боледување. Погребот е утре во Охрид.