Јул 15, 2022
Јп билјанини извори
Недостиг на паркинг места во Охрид
И ова лето се чувствува недостигот на паркинг места во Охрид. Тесни грла во сообраќајот се улиците во централното градско подрачје, главните артерии кои водат кон плоштадот. Од ЈП „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите велат се обидуваат да обезбедат што поголем број паркинг места. Новитет е тоа што за првпат воведуваат хуманитарни паркинзи.
Јул 15, 2022
Свети наум охридски
ОЕМУЦ успешен пример кој треба да се следи
Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ континуирано и посветено работи на подобрување на условите и осовременување на наставниот процес. Денеска во училниците започна инсталирање на 14 паметни табли, кои значително ќе го подобрат квалитетот на наставата по сите предмети. Во тек е и реализација на зафати за подобрување на условите за учениците со посебни потреби. Денеска во посета на училиштето беше градоначалникот Пецаков кој истакна дека овој центар е успешен пример кој треба да се следи.
Јул 15, 2022
Стопанство
Охридското стопанство „гладно“ за занаетчии
Дефицитарни се голем број струки потребни во индустриското призводство. Потребна е едукација на занаетчии, во спротивно, ќе се соочиме со уште поголем дефицит на профили, напоменуваат од охридската Агенција за вработување.
Јул 15, 2022
Јп водовод охрид
Се работи на санација на дефектот на ул. Асном
Во текот на денот се очекува да се заврши санацијата со целосно нормализирање на водоснабдувањето, информираат од ЈП „Водовод“.
Јул 15, 2022
Три дена
Градскиот базен ќе биде затворен за користење
Причината за затворањето на базенот е Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид.
Јул 15, 2022
Охридско лето
Нов здив на Охридско лето
Филхармонија на РСМ внесува елан и работи со силен ентузијазам, а со тоа создава простор за зародиш на нови камерни ансамбли и формации.
Јул 15, 2022
Претпримеништво
Во Охрид, Базар на жени занаетчики
35 занаетчики од Охрид, Битола и Скопје во Охрид денеска на плоштадот од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите.
Јул 14, 2022
Драмска програма охридско лето
Овации за претставата Секс, лаги и љубомора
Премиерата на „Секс, лаги и љубомора“ на Охридско лето ја воодушеви публиката. Актерите на охридскиот народен тетар и гостинката Марија Новак со својата извонредна игра режирана од врвниот Коле Ангеловски ги пленија посетителите и добија стоечки овации. Актерката Марија Новак, која своевремено на почетоците била дел од скоро сите иницијативи за формирање професионален театар во Охрид, враќањето на театарските штици во својот роден град со гостувањето во овој проект го доживеа посебно емотивно.







