Skip to main content
Фев 22, 2021

Пратеникот од Охрид, Кирил Пецаков денеска на плоштадот Крушевска република ја потпиша петицијата  со која се бара поништување на Законот за попис, според кој, во април, конечно треба да се одржи пописот на населението и на домаќинствата во Македонија. Очекуваме до крајот на неделата преку 100 илјади граѓани да дадат поддршка за фер, веродостоен и европски попис, изјави Пецаков.


Фев 22, 2021

Катната гаража има поголема  висина  според  измените со новиот  план за управување. Проектот  е од јавен интерес па  општината ќе бара начин да се изземе овој проект  од  планот за управување.   


Фев 22, 2021

Бараат одговор зошто не се опфатени во 5-от сет екомомски мерки за помош. Апелираат институционално решавање на нивниот статус, протоколи за работа и приоритет на листата за вакцинирање.


Фев 22, 2021

Поради зголемениот интерес за новата премиера на Народен Театар Охрид, претставата “Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, на задоволство на публиката повторно е на репертоарот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.


Фев 22, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 468 прекршоци.


Ное 24, 2021

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денеска и утре со почеток од 18:00 часот се прикажува филмот за деца „Брат ми брка диносауруси“, најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година. Филмот е снимен според бестселерот на Џакомо Мацариол.


Фев 22, 2021

На пригодна свеченост, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, во просториите на Црвен крст Охрид беа доделени наградите на децата од Бреинобреин Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на шестиот Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа на 9 јануари 2021 година.


Фев 22, 2021

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири на прес-конференција во Владата на РСМ со апел до јавноста и граѓаните за важноста на почитувањето на законските рокови за пријава во евиденција на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.