Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да се школуваат на „Вест Поинт“
Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да одат на редовно школување на престижната воена академија „West Point” во Соединетите Американски Држави.
Гладијаторите со победа над Ловчен на пријателски натпревар во Црна Гора
Гладијаторите го одиграа вториот пријателски натпревар во Црна Гора, против екипата на Ловчен од Цетиње. Охрид со одлична игра до нова доминатна победа со седум голови разлика.
Охрид го слави денот на Св. Климент Охридски
Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено.
Мали бизниси во сопственост на жени од Охрид добиваат помош преку обуки за дигитализација
Жените сопственички на бизниси се вмрежуваат преку Националната платформа за женско претприемништво за подобрување на бизнис климата за развој на нивните фирми. За искористување на претприемачкиот потенцијал на жените потребна е соработка со локалните власти и стратегија на ниво на државата. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, неодамна потпиша декларација за соработка со оваа платформа.
Расчистена дива депонија во населба Далјан
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” по добиен налог од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведoa активности за расчистување на уште една дива депонија лоцирана во населба Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас.
Охридските советници дискутираа за Проектите од Нацрт програмите за креирање на буџетот за 2022 година
Се слушнаа прашања кои се однесуваат на проектите предвидени за просторот на поранешната Касарна, начинот на финансирање на тие проекти и нивната одржливост во иднина. Од ТЛЕР одговорија што се планира на просторот на поранешна Касарна и како ќе се финансираат проектите.
Болничките кревети се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа
Силен притисок врз Охридската Општа болница во омикрон бранот на ковид пандемијата. Болничките кревети и амбуланти се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа.
Задоцнето е замрзнувањето на цените
Од министерството за економија ќе ја прошират листата со производи чии цени нема да се зголемуваат доколку има опасност од нови ценовни шокови. Од Државниот пазарен инсепкторат информираат дека ќе контролираат дали трговците ја почитуваат одлуката.
