Министерството за транспорт и врски бара локации за сместувачки капацитети во НП „Галичица“
Министерството за транспорт и врски преку допис од Локалната самоуправа бара предлог локации за изградба на нови сместувачки капацитети во рамките на НП Галичица.
МЈП „Проаква“ почна да го решава проблемот со загубата на техничката вода
Загубата на техничка вода во Охрид е голема. Процентот на загуба е некаде околу 60% . Овој проблем е еден од погорливите проблеми кој години наназад се јавува во работењето на МЈП „Проаква“. Директорот на претпријатието тврди дека веќе почнале да работат на надминување на проблемот.
Поефтини гробарината!
Ваква одлука падна на последната седница на Советот на општина Охрид. Првите сметки со новата цена ќе пристигнат на крајот од 2012 година.
СОС за рибниот фонд
Поморот на плашицата актуелен, но и алармантен проблем, и за негово надминување треба ургентно да се делува.
Во Охрид се множат туристичките агенции ама голем дел од нив не се активни
Во Охрид се множат туристичките агенции ама голем дел од нив не се активни. Туристички агенции кои активно работат ќе бараат измени во Законот за туристичка дејност. Измените ќе се однесуваат и за времетраењето на издавање на лиценци за работа, но се предлагаат и многу други измени со кои ќе се попрaваат одредени законски слабости.
ЈП„Нискоградба“ доби зелено светло за кредитното задолжување
Кредитот во износ од 6 милиони денари ќе се користи за обезбедување на обртни средства и подмирување на данокот спрема државата.
Стартува доградбата на ЈДУ „Јасна Ристеска“
Започнаа градежните зафати за проширување на западното и источното крило на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ упатија критики до охридскиот градоначалник
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ упатија низа критики на адреса на охридскиот градоначалник и општинската администрација. Го повикуваат градоначалникот јавно да го каже долгот на општината. Исто така, обвинуваат дека низ градот никнуваат помали диви депонии кои не се чистат.