Skip to main content
Јан 13, 2021

Стручното мислење е од колегиум на доктори од Клиниката за пулмологија и ковод центрите на интернистичкиот блок во Скопје. Охридската болница нема да го користи Ивермектинот за лекување хоспитализирани болни од ковид 19.


Јан 13, 2021

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар, мал плац, тезги за продажба на бижутерија и штандови за текстил.


Јан 13, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 395 прекршоци.


Јан 13, 2021

Владата ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.


Јан 13, 2021

Поради обилните дождови во изминатите неколку дена се интензивираа активностите за чистење и на речните корита и канали во Општина Дебрца, посебно во населените места.


Јан 12, 2021

 За да се зачува статусот на Светско културно и природно наследство  државата мора да се справи со дивоградбите. Во иднина мора да се носат посебни  законски решенија за регионот кои нема да имаат иста важност за останите  општини во земјава. 


Јан 12, 2021

 Официјално организационите одбори од Горна и Долна маала од Вевчани ќе ги  почитуваат препораките за заштита од пандемијата. Вевчанци , пак не се откажуваат и најавуваат продолжување на карневалската традиција. Од СВР Охрид ги потсетуваат вевчанци дека на сила се забрани за масовни собири и групирања и мерки за заштита од ширењето на вирусот и апелираат истите да се  почитуваат. 


Ное 20, 2021

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид ги поканува своите членови, други заинтересирани колеги и граѓани, да учествуваат во првиот ИПА рекреативно-кондиционо пешачење (планинско-рекреативна тура) на релација Спортски центар „Билјанини извори“ Охрид до населбата Велестово.