Skip to main content
Јан 12, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци.


Јан 12, 2021

Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна . И покрај обилните врнежи од дожд кои во текот на изминатите денови го зафатија Охридскиот регион, нивото на реките и каналите засега е нормално и до сега не е детектиран ниту еден проблем со излевање на вода од канализациониот систем.


Јан 11, 2021

Се излеа дел од коритото на Велгошка река. Поплавене локалниот пат покрај неуреденото корито на каналот. Водата им стигна пред дворовите на околните куќи .


Јан 11, 2021

Од Општина Охрид велат дека во предвидениот рок ќе испратат коментари на оваа првична верзија на извештајот, а официјален став околу нотираните препораки и заклучоци ќе го соопштат откако ќе пристигне конечната и финална верзија на извештајот. Во изминатиот период успеавме да направиме многу значајни чекори за зачувување на статусот светско природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Исполнувањето на препораките од УНЕСКО за нас останува приоритет, велат од Општина Охрид.


Јан 11, 2021

Најпогодени жителите во населбата Далјан и на Туристичка кај хотел Дончо. Надлежните служби задолжени за спречување на поплави како причина ги наведуваат големите количини наврнат дожд, а избегнуваат да кажат дали навреме ги исчистија речните корита во есенскиот период.


Јан 11, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 302 прекршоци.


Јан 8, 2021

За направените штети од чадот во домовите се почесто се поведуваат и судски спорови. Причините најчесто се дотраени оџаци, оштетени чадовдни канали од земјотреси или од лоши градежни изведби.


Ное 20, 2021

Бидејќи на 22.11.2021 година (понеделник) се одбележува празникот „Ден на албанската азбука“, поради тоа неможноста за присуство на седница на дел од членовите на Советот, а со цел да се овозможи присуство на сите советници, се презакажува 3-тата седница на Советот на Општина Охрид закажана за тој ден, информираат од Локалната Самоуправа.