Skip to main content
Фев 8, 2012

Гласините дека сметките за гробарина ќе се намалат од ЈП нити ги потврдуваат нити ги демантираат, само велат дека досегашните сметки за 2011 година мора да се платат. Координаторот на ЈП „Градски Гробишта“ Драган Пандески вели дека има иницијатива за намалување на сумата за гробарина, но најпрво зелено светло за истата треба да даде Управниот одбор, а потоа и советот на општина Охрид.


Јан 27, 2018

Србите денеска го слават празникот Св Сава. Достојна почит на овој светец му оддадоа членовите на српското здружение „Коштана“ од Охрид. Св.Сава е светец кој има посебно значење во животот на Србите, вели претседателот на Коштана Среќко Стојановиќ.


Фев 8, 2012

Поранешната Детска специјална болница заминува во историјата. На оваа локација планирано е да никне елитна туристичка населба.


Фев 7, 2012

Медицинските сестри со Високо образование од ЈЗУ Општа болница-Охрид испратија писмо до Телевизија ТВМ како реакција на изјавите на директорот на Општа болница искажани во прилог за Дневникот од 06.02.2012.


Јан 27, 2018

Охридските угостители незадоволни од новите тарифи за поставување урбана опрема кој е ставен во предлог одлуката која треба да се разгледува на нареднава седница на совет. Тие ќе треба да плаќаат речиси двојно повеќе од тоа што досега плаќале за поставување столици и маси пред своите објекти. Од Здружението бараат да се најде некое решение на задоволство на сите засегнати страни, вклучувајќи ја и Општината.


Фев 7, 2012

Ќе бидат доделени грантови за набавка на опрема, алати и репроматеријали како и за стручно оспособување. Во Охрид, досега најголем интерес пројавиле козметичарите. Од старите традиционални занаети досега не се пријавил никој.


Фев 7, 2012

Деновиве во нашата редакција пристигнаа јавувања од  дијабетичари кои реагираат дека  има недостиг на инсулинска терапија. Станува збор за груба шпекулација со вистинската состојба  демантираат  од Центaрот за дијабет.


Јан 27, 2018

За Али Пашината џамија во Охрид ќе се дискутира на седница на Влада. Министерството формираше комисија од стручни лица составена од надлежните установи и Управата за заштита на културното наследство која ќе ги испита сите околности во однос на реконструкцијата на Али пашината џамија.