Skip to main content
Фев 4, 2012

Ни неверојатно лошите временски услови не ги спречи приврзаниците на НВО „Младински центар“ да протестираат пред општата болница во Охрид. „Во септември 2010 год. се сруши највиталниот дел од општата болница, со што околу 60 илјади граѓани останаа без гинекологија. Хирургија, анестезиологија, урологија и одделението за уво, нос и грло.


Фев 4, 2012

Мило за драго. Протест на здружението на граѓани Христо Узунов. Тие реагираат на поскапувањето на водата и комуналиите во Охрид, како и за продажбата на Проаква.


Јан 24, 2018

Охридската градинка Јасна Ристеска има потреба од вработување на стручен и технички персонал. Според нормативите за работа потребен е поголем број на воспитувачки и негователки бидејќи и  во  групите се згрижени деца над нормативите. За потребите на градинките е побарана согласност од Министерството  за труд и социјална политика од каде се очекува трајно решавање на проблемот.


Фев 3, 2012

Во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска пресот на Ок на ВМРО-ДПМНЕ стои :  Наместо да ги поддржи утрешните граѓански  протести против уништувањето на охридското јавно здравство , ОК на ВМРО- ДПМНЕ продолжува да го дефокусира вниманието на јавноста и неаргументирано да го напаѓа градоначалникот Александар Петрески.


Фев 3, 2012

Нова невладина организација во Охрид, ќе се грижи за подобрување на квалитетот на животот во градот, со посебен акцент на младите. Денес тие пред Оштата болница во Охрид, го искажаа својот револт за состојбите во охридското задрвство и ги повикаа граѓаните на општината на мирен протест.


Јан 24, 2018

Потребно е поедноставување на процедурата за добивање на грантови, бидејќи Македонија досега потешко ги искористуваше средствата од Европските фондови, предочуваат туристичките експерти. Тие се оптимисти дека наскоро тоа ќе се промени преку служби кои директно ќе помагаат во добивање на грантовите.


Фев 3, 2012

Петрески главен креатор на неприликите во градот. Ова се најновите обвинувања на првиот човек на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кон градоначалникот Петрески.


Фев 3, 2012

Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски.