Skip to main content
Јан 24, 2012

На крадците во Охрид одврзани им се рацете. ТВМ е директен сведок на соочување со крадец, за кој што полицијата досега нема преземено ништо. Дали крадењето како кривично дело има подеднаков третман во сите негови начини на делување? Крајно време е СВР Охрид посериозно да се заземе во решавањето на оваа девијантна појава.


Јан 17, 2018

Програмата за развој и поттикнување на туризмот на Секторот за туризам и локален економски развој  во оваа година тежи 12 милиони денари. Со овие пари предвидени се проекти кои ќе донесат поголем број гости годинава како и изработка на Стратегија за развој на туризмот на општина Охрид.


Јан 24, 2012

Владата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува  рибниот фонд од понатамошно нелегално  ловење.


Јан 24, 2012

Охридските советници во петок ќе ги засукаат ракавите. Дневниот ред иако сиромашен, точките кои се најдоа таму се од исклучително значење за Охриѓани. Свое место таму како што беше ветено пронајде и контроверзната точка за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за гробарина.


Јан 17, 2018

Потребно е формирање на Министерство за иселеништво затоа што процесот на иселување од Македонија кој започна на почетокот на минатиот век нема да запре, сметаат универзитетски професори. Засега во владата ќе се формира меѓуресорна група на министерствата за надворешни и внатрешни работи за прашањата поврзани со потребите на иселениците. Дијаспората е тема на меѓународната конференција „Охрид Водици 2018 година“ која се одржува во Охрид.


Јан 24, 2012

Стручниот тим кој работи во Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, е од голема помош за граѓаните. Најголем проблем со кој се соочуваат, потребата од стручен кадар.


Јан 23, 2012

Студениот бран кој ја зафати Македонија, предизвика проблеми во одржување на водоводниот систем. Од ЈП Нискоградба велат дека најмногу проблеми имало во водоводниот систем во зградите бидејќи истите не биле соодветно изолирани.


Јан 17, 2018

За зголемување на бројот на туристите на охридско- струшката ривиера хотелиерите очекуваат поддршка од Локалната самоуправа. Нивните барања ги доставиле до владата и охридскиот градоначалник. Со локалната самоуправа договориле заеднички настап на Белградскиот туристички саем кој треба да се одржи во февруари.