Skip to main content
Јан 23, 2012

За инцидентот кој во петокот се случи во ресторанот „Фонтана“ денес до нашата редакција пристигна Отворено писмо од Илија Фармакоски упатено до Министерот за внатрешни работи и Премиерот на Владата.


Јан 16, 2018

Граѓаните се повеќе стравуваат да не бидат нападнати од куче. Не се проблем само кучињата скитници туку и домашните кучиња чувани во несоодветни услови. Само во изминатиов месец во државава имаше десеттина напади врз граѓани од куче. Стручните лица сметаат дека проблемот мора институционално да се речи.


Јан 21, 2012

„Невидлива Софија“ пред Охриѓани. Станува збор за изложба – проект на студентите Елена Героска од Македонија и Стефан Маринов од Бугарија, кои  се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Изложбата е во организација на Центарот за културен проток “Артерија“.


Јан 21, 2012

Лицата кои тешко се движат и не можат да стигнат до службите на СВР Охрид за да ги заменат старите лични карти со нови биометриски ќе добиваат помош. Мобилна служба ќе доаѓа во нивните домови по пријава од страна на семејствата или старателите, нагласува портпаролот на СВР, Стефан Димоски.


Фев 16, 2022

Епидемиолошката состојба во државава е подобрена, но не и добра поради тоа што е зголемен бројот на нови ковид случаи меѓу децата од шест до 14 години. Комисијата за заразни болести со апел, граѓаните да примат трета доза вакцина, како најдобар начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт. Сертификатите за прележан ковид-19 остануваат да важат.


Јан 21, 2012

Охриѓанец налутен бидејќи не го пуштале да влезе на приватна забава во ресторанот „Фонтата“ во Охрид се заканувал со пиштол.


Јан 15, 2018

Се додека не се испита влијанието на животната средина, по забелешките на УНЕСКО, стопирана е реализацијата на проектите за изградба на патот од Струга до Требеништа.


Јан 20, 2012

Охридскиот градоначалник Александар  Петрески  не се откажува од идејата на Галичица да се изгради рекреативен зимски центар. Оваа идеја со години е само пуста желба на политичарите и охриѓани и никако  да стане реалност.