Skip to main content
Фев 19, 2021

Слаинското езеро е целосно обраснато со вегетација, повремено го полнат обилните дождови и надојдените реки. Во 2018та година беше извршена санација на браната но за да може езерото да се користи за рекреативен риболов и туризам мора да се исчисти басенот и да се уреди просторот околу езерото.


Фев 19, 2021

На јавна расправа се одобрени активностите предвидени во Планот  за управување  со Национален парк Галичица за перидот 2021 – 2030. Без забелешки поминал и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина.  Во  Програмите за управување со паркот се предвидени активности  кои овозможуваат заштита на природниот и културниот  биодиверзитет,  локален развој и  одржлив туризам. За двата документи граѓаните можат да доставуваат забелешки по писмен пат до крајот на месецов.


Фев 19, 2021

“Имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени процедури и тоа досега многу пати го докажала историјата. Затоа, порачувам дека никој, а особено здравствен работник, не треба да се сомнева во тоа дали вакцинирањето е вистинскиот чекор за заштита на личното здравје, но и за сузбивање на ковид-19 пандемијата”, изјави проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарската комора, која како дел од здравствените професионалци ангажирани во еден од ковид центрите, ја прими првата доза од вакцината.


Ное 24, 2021

Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“ согласно правосилно решение издадено од страна на Министерството за транспорт и врски бр.28 УП-208/2020 Е од 10.11.2020г.


Фев 19, 2021

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 443 прекршоци.


Фев 19, 2021

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера (18.02.2021) во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град.


Фев 19, 2021

Работниците на ЈП„ Комунално-Струга“ неуморно работат на расчистување на остатоците од снегот кој деновиве падна во Струга, а кој претставуваше проблем за непречено одвивање на сообраќајот и движењето на луѓето во Струга.


Фев 19, 2021

Научниот ровер „Истрајност“ (Perseverance) на НАСА, најнапредната астробиолошка лабораторија во историјата испратена на друга планета, се пробил низ атмосферата на Марс и успешно слетал на дното на еден кратер, потврдија од американската вселенска агенција. На таа локација ќе биде и првата станица на која роверот ќе ја започне својата мисија, да бара докази за постоење на живот на Црвената планета.