Skip to main content
Јан 8, 2018

Хотелските капацитети исполнети за новогодишните и божиќните празници. Хотелиерите задоволни, но велат дека ваквата слика е само од времен карактер. Треба да се поработи уште за Охрид да има и зимска туристичка сезона.


Јан 10, 2012

Годината што измина, бурна и полна со предизвици и за раководниот тим на ОО на Црвениот крст. Претседателот Сашо Точко, вели дека се задоволни што на најголемиот дел од зацртаните проекти како тимови одговориле, но и дека и она малку што не е релизирано, ќе се спроведе во годинава која претстои.  


Јан 10, 2012

Лицата со различни видови инвалидитет ги повикуваат надлежните на почитување на Конвенцијата за нивните права.Тие долго време беа запоставувани од држaвата, а сега со нејзиното потпишување, овие лица очекуваат да ги имаат истите права како и „обичните“ луѓе.


Јан 8, 2018

Православните ортодоксни христијани го слават Божиќ, Христовото раѓање. На божествените литургии што се одржуваат во црквите доаѓаат голем број верници кои се причестуваат. Во храмот Св. Никола во Долна Влашка маала  меѓу возрасните света причест примија и голем број дечиња.


Јан 9, 2012

Хотелиерите ги сумираат резултатите од посетеноста за време на Новогодишните празници. Така, хотелиерите на охридската ривиера не го кријат  задоволството од  посетеноста на туристите на нивните објекти.


Јан 9, 2012

Курајчкиот карневал може да започне.  На неколку денови пред празникот, Здружението Св. Василиј од Куратица го одржа последниот состанок на кој беа финиширани сите детали за карневалот. Претседателот на здружението Горан Ангелоски вели дека биле определување на групите, како што се  зетот и невестата, бајачот но и сите останати традиционални главни маски.


Јан 6, 2018

Охриѓани забрзано се подготвуваат за големиот христијански празник-Рождество христово-Божиќ. Најраздвижено денес беше на градскиот пазар. Понудата на пазарот голема, но побарувачката мала. За тоа пред се е заслужен малиот буџет на граѓаните и високите цени на производите.


Јан 6, 2012

Изненадување за Божиќните празници на малата Симона Јовеска и подготви независниот советник Љупчо Настоски. Тој во нејзиниот дом донесе новогодишно пакетче, облека и социјален пакет со намирници за големиот христијански празник.