Мајстор Љупчо Паункоски поправа и адаптира стари радио апарати
Носталгијата и љубовта кон старите апарати му даваат сила да ги „оживува“ веќе одамна прегазените апарати од новата технологија. Паункоски жали што нема интерес за изучување на овој занает од помладите генерации.
Хотелиерите бараат вработените во овој сектор да бидат имунизирани меѓу првите во земјава
За да се вратат странските гости на нашето крајбрежје апелираат земјата да започнe со имунизација. Планираат воведување и на нови протоколи за гостите да имаат безбедна туристичка дестинација.
МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО “ГЛАСОТ НА КЛИЕНТОТ” ОД ACI WORLD
Меѓународниот Аеродром Скопје доби ново признание од Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International World) наречено The Voice of Customer или Гласот на клиентот, со кое им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги (ASQ), а со цел подобро да ги разберат нивните клиенти за време на пандемијата.
42-годишен жител на Лескоец се однесувал агресивно кон полициски службеници
На 22.11.2021 година во СВР Охрид приведен е Н.П.(42) од охридското село Лескоец.
Охридскиот архив ќе добие свој галериски простор
Од Државниот архив на република Северна Македонија, подрачно одделение Охрид информираат дека во тек се инфраструктурни зафати во зградата на охридскиот архив, за опремување на галериски простор на оваа установа.
Националната комисија за УНЕСКО: Зачувување на Охрид како светско природно и културно наследство
Националната комисија на УНЕСКО на вторатa седница го разгледа Нацрт-извештајот за состојбата и напредокот во заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион за 2020 година, при што усвои Мислење упатено до Владата, во кое се вели дека Нацрт-извештајот е во насока на истакнување на заложбите на земјата која значително ги интензивираше своите активности за спроведување на Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од седницата одржана во Баку во 2019 година и за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО и советодавните тела ICOMOS и IUCN реализирана во 2017 година.
Утре од 12:00 до 15:00 часот прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Од АМСМ информираат дека поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот Пресека-село Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот.
СВИКАНА ПЕДЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
За утре среда со почеток во 12:00 часот, свикана е педесет и шестата седница на Советот на општина Охрид.