Дијалогот на МОН со компаниите за потребните стручни профили продолжи во Охрид и Струга
Заменик министерот за образование Арафат Шабани денеска во Охрид и Струга разговараше со локалните самоуправи и компаниите во процесот на МОН заеднички да се креираат профили што ги бара пазарот на труд. Профилите за коишто ќе се утврди потреба, ќе се отворат за запишување на ученици во средните стручни училишта во училишната 2021/2022 година.
МЖСПП отфрла одговорност за струшката депонија
Македонско здружение на млади правници го тужат министерството за животна средина, покрај општината Струга и комуналното п-је дека на граѓаните им го повредиле правотo на здрава животна средина затоа што и понатаму се дозволува одлагање отпад на струшката дива депонија. Од Министерството за животна средина велат дека се запознаени со поднесената тужба и ја отфрлаат одговорноста.
Потребна е подобра законска регулатива за наградување на талентираните ученици
Покрај тоа, во нашиот образовен систем недостасува организирана работа со овие ученици. Македонскиот образовен систем нема Национална стратегија за откривање и работа со надарени и талентирани ученици.
Охрид втор по број и на хоспитализирани и на активни случаи со COVID-19
Охрид и понатаму е втор во Македонија по број на хоспитализации и активни случаи со COVID-19, веднаш после Скопје, а продолжува и трендот секојдневно да бележиме и нови позитивни случаи.
Кривична за лице од Елбасан кој во Оровник беше фатен со марихуана во вредност од 350 илјади евра
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(38) од Елбасан, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Полицијата на четворица oхриѓани синоќа им ја одзела возачката дозвола
Полицијата на 4ца oхриѓани синоќа им одзела возачки дозволи управувале возило под дејство на алкохол.
Хотелиерите ова лето се надеваат на странски гости во поголем број
Со петтиот сет економски мерки хотелиерите очекуваат поддршка за да опстанат до почетокот на туристичката сезона. А тогаш се надеваат дека покрај домашните гости со ваучери кои ќе има и странски туристи. Резервациите од ланската година се префрлени за ова лето но никој не знае дали ќе се реализираат.
Акција на Чист Охрид на месност „Паднати борци“
Десеттина вреќи со секаков вид отпад беа собрани од страна на активистите на Чист Охрид во месноста кај „Паднатите борци“.