Одлука за тридневна жалост поради автобуската несреќа во Бугарија се донесе на денешната владина седница, а државните знамиња пред Владата се спуштени на половина копје.
Се реконструира внатрешноста на Здравствен дом Маларична
Се подобрува ентериерот во чекалните, ходниците, ординациите и во сите работни простории. Вработените и пациентите збогум ќе им кажат на дрвените клупи за седење во чекалните стари преку 5 децении. Средстата за реконструкција ги обезбеди ресорното министерство со проект преку Светска банка.
ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ ПОЧНЕ СО КИНЕСКАТА ВАКЦИНА, СИТЕ ВАКЦИНИ СЕ БЕЗБЕДНИ И РАЗВИЕНИ НА БЕЗБЕДНИ ПЛАТФОРМИ
-Во завршната фаза сме од преговорите и во месец февруари првата количина којашто ќе пристигне во нашата земја ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација согласно веќе подготвениот систем ќе го почнеме со тие вакцини, ова го изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче.
СЕ УРЕДУВАAT УЛИЧНИТЕ ДРВОРЕДИ ВО ОХРИД
Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ започнаа активности за уредување на дрворедите и зеленилото на сообраќајниците во градот.
ОУ „Григор Прличев“ празнува со ентузијазам и креативност
Учениците, активот на одделенска и предметна настава , советот на родители и училишниот одбор, сите заедно покажуваат креативност и ентузијазам и користејќи ја интернет технологијата во време на пандемија оддаваат достојна почит на својот патрон. Неделава во очи на патронатот тие ги нарекоа прличеви денови и во секој од нив објавуваат подготвени видео материјали.
Охридската општа болница повторно се полни со пациенти со тешка клиничка слика на Ковид 19
Граѓаните се опуштија, се организираат забави и дружење и токму затоа Охрид е на второ место во земјава по број на новозаболени од корона вирусот. Од хоспитализираните пациенти во Општата болница голем дел се со тешка клиничка слика на болеста. Докторите апелираат до охриѓани да не се опуштаат посебно поради детектираниот британски сој на вирусот кој полесно се шири.
Најголем дел од Македонските пензионери пензијата ја стекнале по основ на работно право
Статистиката на Фондот на ПИОМ покажува дека поголем наплив на нови пензионери имало пред самиот крај на минатата година. На списокот на ПИОМ во месец декември имало нови 2.473 пензионери.
Затворени два угостителски објекти во Охрид
Пазарните инспектори од почетокот на годинава за само неколку дена ставија клуч на врата на два угостителски објекти во Охрид. Угостителите не ги почитувале некои од протоколите за заштита од ковид 19. Охридските хотелиери пак дисциплинирани, кај нив инспекторите не утврдиле прекршувања на законските одредби.