Skip to main content
Дек 27, 2017

Сеуште треба да се работи на подигање на свеста во јавноста за разните фоми на семејно и родово базирано насилство. Деновиве првата детска амбасада во светот Меѓаши врши обука на оваа тема пред претставниците на македонските граѓански здруженија.


Дек 15, 2011

Започна спроведувањето на обуките за користење на протоколите за постапување во случаите на семејно насилство. Цел на обуките, координирано делување на релевантните институции во случаите на семејно насилство, за поуспешна превенција и заштита на жртвите од семејно насилство.


Дек 14, 2011

На студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кои дипломираа во претходната академска година, или до месец септември денеска свечено им беа врачени дипломите.  „Особена чест и задоволство ми беше што бев избрана за најдобар студент, ова е големо признание за мене. Сите колеги кои дипломиравме не застануваме тука, нашите аспирации  се големи, верувам дека ќе се реализираат“, вели Ивана Ангелоска, која поради постигнатиот просек за време на студирањето од  9.96 е прогласена за студент на генерацијата од насоката Осигурување.


Дек 27, 2017

150 лица од социјално ранливата категорија и годинава седнаа на предновогодишен ручек со градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставници на Локалната самоуправа. Децата се сликаа со Дедо Мраз, а имаше и подароци, новогодишни пакетчиња.


Дек 14, 2011

Транспарентноста во работењето е едно од основните начела во функционирањето на овој државен орган. Медиумите и Управата, на хартија се партнери во овозможување на достапност на информациите, меѓутоа  колку тоа реално функционира? За оваа цел, Управата издаде и упатство во кое се објаснати правата, но и обврските на двете страни.


Дек 14, 2011

Причина, приклучување на новоизградениот станбен комплекс, кој се наоѓа во близина на булеварот, на градскиот  канализационен систем, како и санирање на проблемот со атмосферските води на овој потег, информираат од ЈП „Нискоградба“.


Дек 14, 2011

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 4 лица за сторено кривично дело „незаконит риболов“. …


Дек 27, 2017

Во охридскта градинка секој ден се празнува. Се изведуваат низа активности кои децата ги доживуваат со трепет и возбуда, вели директорката на установата. Посебна радост кај нив предизвикал Дедо Мраз кој слетал со авион на охридскиот аеродром со пакетчиња во рака за сите.