Избрани шесте грантисти кои ќе решаваат локални проблеми за заштита на животната средина
Македонското еколошко друштво заедно со Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги избраа шесте граѓански организации кои во партнерство со средни училишта од регионите со заштитени подрачја (Пелагонија, Охрид, Струмица, Тиквеш, Демир Капија и Преспа) ќе спроведуваат иницијативи за решавање на локални проблеми за заштита на животната средина.
РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ОХРИД, СТРУГА И ПОГРАДЕЦ
Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари работен состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи.
Нови книги и родендени во НУ Библиотека „Григор Прличев“
Оваа среда изборот на нови девет наслови е направен од продукцијата на издавачките куќи „Култура“ и „Матица македонска“.
Списанието „Лице в лице“ ја одбележува Неделата на улични продавачи
Првиот вработен продавач во Струга, Игор , деновиве го продава списанието заедно со индивидуални спортисти и струшките ракометари. Колпортери на списанието се лица од најранливите групи во општеството. Половина од цената на Лице в лице е за продавачот а половина за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.
Комората за фотографска и видео дејност ги слушна проблемите на колегите од југозападниот регион
Новоформираната стопанска комора ќе ги подобрува состојбите во оваа дејност. Покрај економските проблеми предизвикани од пандемијата во фелата се детектирани и голема поделеност и нелојaлна конкуренција.
Писмо: Лесковчани молат за 100тина метри асфалт
Сигурен сум дека градоначалникот и неговите служби се запознаени со состојбата во која се наоѓа овој дел од Лескоец за кој ви испраќам фото-документација, исто како што сум сигурен дека после неуспешниот, да, добро читате….НЕУСПЕШНИОТ обид да постават канализација во ова место, знаат точно за што станува збор и во какви ненормални услови живеат жителите на овие неколку улици, стои во дел од писмото испратено до редакцијата на ТВМ од жител на Лескоец.
Санација на внатрешниот дел од старата училишна зграда во село Песочани
Во село Песочани во завршна фаза е санацијата на внатрешниот дел од старата училишна зграда.
