Skip to main content
Дек 9, 2011

Доколку не се намали висината на надоместокот за комунални услуги за овој дел од Охрид, од 1.1.2012 тие ќе се откажат од услугите на ова јавно претпријатие. Вака стои во соопштението на официјалната веб страна на Куратица. Директорот на Охридски комуналец, Сашо Алче вели дека тропаат на погрешна врата.


Дек 22, 2017

Заштитата на децата во медиумското претставување е тема за која што во последно време многу се зборува. Потребно е да има пропишани стандарди на кои ќе се повикаат новинарите при пишувањето на стории од оваа област. Точно на тоа се работи деновиве во Охрид, односно претставниците на медиумите од Македонија, детската амбасада Меѓаши, изготвуваат Кодекс за известување на случаи каде што децата се жртви, сведоци или сторители на насилство.


Дек 8, 2011

Охриѓани по повеќе од 20 години синоќа имаа можност да присуствуваат на модна ревија. Креатори на истата се тим на средношколки од општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ предводени од професорката по уметност Катерина Слатинова. Ревијата беше дел од активностите на училиштето подготвени за патрониот празник.


Дек 8, 2011

„Сите сме под исто сонце“. Под овој наслов годинава се реализираше програмата по повод патрониот празник во ООУ Св. Климент Охридски. Весело, разиграни и распано. Вака протече синоќешната свеченост која беше посветена на децата со посебни потреби, кои се дел од овој образовен центар.


Дек 7, 2011

102 квадрати од земјиштето од игралиштето од ОСУ Ванчо Питошски, апелациониот суд им го врати на старите сопственици. Оваа одлука која првично ја донесе основниот суд, а ја потврди аплеција, доаѓа по повеќегодишниот судски спор, кој се водеше помеѓу поранешните сопственици Али Фикрие, Бекир Бекири и Зиние Бекироска.


Дек 22, 2017

Гимназијалците со полна пареа го подготвуваат настанот на годината. Предновогодишниот концерт кој оваа година е наречен Филмовиозија на охриѓани ќе им овозможи двочасовно максимално уживање во нумерите од дваесеттина познати филмови, но и во кореографии во изведба на учениците. Концертот има хуманитарен карактер.


Дек 7, 2011

Е мотото под кое е одржана јавна дебата во организација на Локалната Агенција за развој од Струга и Општинската организација на Црвен Крст од Охрид.


Сеп 2, 2021

Ковид болницата во Охрид е делумно оптоварена со пациенти, ова е оценката на здравствените власти. Првиот човек на Општа болница моменталната состојба во здравствената установа ја оценува како стабилна. Хоспитализирани се 37 пациенти од кои 8 се вакцинирани против Ковид 19.