Пописот ќе покаже колку е иселен Охрид
Пописот ќе покаже дека од Охрид се иселени многу повеќе млади луѓе отколку што се претпоставува, сметаат охриѓани. Пандемијата беше само затишје во овој негативен тренд кој, според граѓаните, ќе продложи уште поинтензивно кога ќе се подобри состојбата со вирусот. Загрижувачки е и статистиката дека во Охрид со години има негативен природен прираст на населението.
ПОПЛОЧЕНА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО СЕЛО ЗАВОЈ
Како дел од програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на Општина Охрид, деновиве беа реализирани активности за уредување на пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата.
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 годинаПартиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет,велат од Општина Дебрца.
„Прличеви беседи 2021“ и во услови на Ковид -19
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и во услови на Ковид-19 и годинава достојно ќе ја чествува 128 годишнината од смртта на патронот Прличев и 160 годишнината од создавањето на неговата поема „Скендербег“.
Повторно повеќе од четиристотини граѓани казнети за неносење маска
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.02.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок.
ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВААТ ПЛАСТИЧНИ КАНТИ ЗА ОТПАД
Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Димо Хаџи Димов“, „ Париска комуна“, „ Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ – само непарни броеви и „Момчило Јорданоски“ – само парни броеви.
Белчишко Блато ќе стане достапно за сите
Во Општина Дебрца изминатиов период се спроведува проектот „Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)”, кој го спроведува Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, а финансиран од Европската Унија, мониториран и потпомогнат од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Граѓаните на едноставен начин ќе можат да пријават загадувач или загадување во тек
Граѓаните на едноставен начин ќе можат да пријават загадувач или загадување во тек и во реално време да иницираат вонреден инпекциски надзор. Државниот инспекторат за животна средина денеска ја презентираше онлајн платформата за пријавување загадување која овозможува подобра координација помеѓу државните и општинските овластени инспектори и обезбедува поголем увид во нивното работењето на терен.