Skip to main content
Ное 18, 2020

Со номинацијата се поддржува прекуграничната соработка за заштита на природата со Албанија и развој на еко туризмот и локалната економија. Министерството за надворешни работи и Министерство за животна средина и просторно планирање заедно треба да работат и да ја достават апликацијата до крајот на оваа година.


Ное 18, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (17/18.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 725 прекршоци.


Ное 18, 2020

Со финансиска поддршка на Општина Охрид се реновираа санитарните јазли во новата зграда од ОУ „Григор Прличев“ каде предметна настава следат ученици од шесто до деветто одделение.


Ное 18, 2020

Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природа, со што МЖСПП ќе може да ги започне постапките за прогласување согласно законските процедури.


Ное 17, 2020

Документарецот содржи факти за Охридскиот пливачки маратон и спорстките достигнувања на Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи. Љупчо Паункоски е автор  на документарецот кој  премиерно ќе биде прикажан во охридското кино утревечер во 18 часот.


Ное 15, 2021

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска го потпиша договорот за имплементација на проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, кој е финансиран од страна на ЕУ преку програмата EU for Municipalities.


Ное 17, 2020

Охриѓани може по телефон да побараат психолошка помош од одделот за ментално здравје при Општа болница Охрид. На овој начин психолозите ќе бидат подостапни и ќе може побрзо да реагираат. Граѓаните се почесто се соочуваат со  панични напади, депресивни и анксиозни состојби со  пролонгирање на времетраењето на пандемијата.


Ное 17, 2020

Делумното и селективно рушење на почетокот на летото беше само евтин политички маркетинг во очи на изборите, кажа денеска на пресконференција, портпаролот Перчо Божиновски.