Ное 14, 2011
Колку брзо ископаните улици треба да се вратат во првобитната состојба?
Оптички кабли, канализациони, водоводни мрежи. Низ градов засилено се вршат прекопи за сите овие намени. Но колку брзо ако и воопшто, прекопаните места се враќаат во првобитната состојба? Дали постои законски рок за да се направи тоа или граѓаните до бесконечност ќе ги избегнуваат дупките по улиците и тротоарите.
Дек 8, 2017
Традиционална изложба со дела на роднокрајни ликовни уметници
Околу 20 дела на роднокрајни ликовни уметници, и годинава беа дел од традиционалната изложбата по повод одбележувањето на Св Климент Охридски, Патронот на градот. Оваа година поставени се слики во чест на основоположниците Јонче Симонче и Павле Георгиески Зуфа.
Ное 14, 2011
Повеќе или помалку успешна година за ЈП „Биљанини извори“
Враќањето на паркинизите во нивно владение, во голема мерка ќе ја зајакне финансиската состојба на претпријатието, вели директорката Гордана Јованоска.
Ное 12, 2011
Продолжен престој без никаков надомест
Ова е успешната приказна на основното училиште „Братство Единство“. Дванаесетина деца по завршувањето на редовната настава, своето време го минуваат во дополнителна просторија во рамките на училиштето. За нив се грижи наставничка ангажирана од страна на локалната, но сите други потреби на децата се задоволуваат од сопствен џеб и преку донации.
Сеп 1, 2021
Пријава за охриѓанец за бесправно градење
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишниот З.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Ное 12, 2011
Вратата на Месниот огранок од Горна Влашка маала е отворена за сите пензионери
Месниот огранок на Здружението на пензионери од Горна Влашка маала е еден од поактивните во Охрид. Иако формиран на почетокот од оваа година пенизонерите од овој реон имаат донесено програма со многу активности.
Дек 8, 2017
„Флора и фауна“ изложба на Фото Клуб Охрид
Фотографијата има голема улога во афирмацијата на културата на Охрид. Традиционално и годинава фото клубот од Охрид по 19 пат во рамки на свеченостите кои градот ги организира за одбележување на патронот Св Климент Охридски, се претстави со своја изложба од 45 фотографии на 12 охридски автори, на тема „Флора и фауна“.
Ное 12, 2011
Ќе се потпише меморандум според кој ќе се испушта езерото преку Црн Дрим
Осцилациите на нивото на охридското езеро се поизразени. Тие се природна појава, но загрижува фактот што од година во година стануваат се подраматични. „Причина за тоа се климатските промени, но не смееме да го минимизираме ни човекот како фактор“, вели претстевникот на одделението за управување со басенот на реката Црн Дрим, Дејан Пановски.