Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а дизел горивата поскапуваат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Усвоен ребалансот на Буџетот, може да стартува 4 сет економски мерки
Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2020 година може да стартува 4 сет економски мерки. Пренасочени се средства за справување со здравствената криза и за помош на домашната економија. Донесени се и низа мерки за справување со ковид кризата.
Донев: Градоначалникот Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во Водовод – Охрид
18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани.
Д-р Стурлакова Коровешовска: Заразата се шири поради егоизмот на граѓаните
Заразата во Охрид се шири поради егиоизмот кај граѓаните. Тие болни и со симптоми кои ги кријат воопшто не се изолираат, се шетаат и дружат и така заразата се шири, вели епидемиологот доктор Јованка Стурлакова Коровешовска од Центарот за јавно здравје Охрид, за ,,Слободен печат”.
Општина Дебрца се впиша во регистерот на производители на електрична енергија
Поставени се соларни панели на општинската административна зграда и на две училишта. Проектот е грант за подобрување на на инфраструктурата во руралните општини, а е поддржан од Министерството за финансии и ИПА фондовите.
„Хомо“премиерно на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев” – Охрид
Филмот „Хомо“премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 10-ти, 11-ти и 12- ти Ноември 2020 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.
Во јавноста незаконски протекуваат списоци со лица позитивни на вирусот
Од Центарот за јавно здравје тоа го осудуваат и уверуваат дека информациите не излегуваат од нивната установа. Министерството за здравство најави брзи тестови кои сеуште ги нема во Охрид.
Отстранет тумор од матка тежок 5 кг кај 45 годишна стружанка
Во општа болница Струга изврешна успешна хируршка интервенција за отстранување тумор на матка тежок 5 кг. 45 годишната пациентка е пуштена на домашно лекување во добра состојба. Докторите апелираат пациентите да водат грижа за своето здравје и да не одложуваат неопходни прегледи поради пандемијата.