Skip to main content
Ное 15, 2021

За овој петок е закажана втората седница на Советот на општина Охрид. Ќе се верифицираат мандатите на советниците и ќе се избираат комисиите.


Ное 2, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.11.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 737 прекршоци.


Ное 2, 2020

Викeндов во селото Bелчишта, Општина Дебрца се одржа промоција на дел од традиционалните јадења и производи од околината на Белчишко Блато.


Окт 30, 2020

Градоначалникот Константин Георгиески го известил министерот за здравство Филипче дека е подготвен да дежура и заедно со колегите од јавното здравство да се грижи за пациентите со Ковид  на Инфективното одделение во охридската болница. Поради зголемениот број на заболени со корона вирусот притисокот врз болничките капацитетите се зголемува, а медицинскиот персонал е преморен.  Министерот ги повика интернистите од приватните ординации да се стават на располагање на државата.


Окт 30, 2020

Во текот на изминатото деноноќие (29/30.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 928 прекршоци.


Окт 30, 2020

Екипите на ЈП „Водовод“, денеска започнаа работни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Спас Банџов“.Според планираното, старата и дотраена водоводна инсталација ќе биде заменета со нова во должина од 171 метар со цевки со димензии ф110мм, ф63мм и ф25мм.


Окт 30, 2020

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. oктомври 2020 (сабота), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Св. ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила“, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија.


Фев 17, 2022
Избори УМС ВМРО-ДПМНЕ
Извршниот Комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ за претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го избра Ангел Велкоски.