МОН: мал е бројот на ученици и наставници позитивни на COVID-19
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со COVID-19.
Од утре влез во објектите со сертификат за две дози вакцина
Граѓаните од утре ќе може да посетуваат објекти од затворен и отворен тип само со сертификат за целосна имунизација или со потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.
Повторно одложен судскиот процес против браќата Усеини
По втор пат одложен почетокот на судскиот процес против Нефи и Ибраим Усеини кои се обвинети за физички напад на охриѓанецот Спирко Топалоски. Денеска пред основниот суд во Охрид се појави Ибраим додека пак неговиот брат според одбраната, не можел да присуствува поради оперативен зафат. Како и на предходното и на ова рочиште, отсутен беше и оштетениот Топалоски.
Охридскиот кризен штаб ќе заседава on line
Охрид неколку дена со двоцифрен број инфицирани со корона вирус. После подолг стабилен период, состојбата со ширењето на вирусот станува сериозна. Од викендов првиот човек на градот е во изолација поради случај на Ковид во семејството. Општинскиот кризен штаб по три месеци од последниот состанок, најверојатно ќе заседава он лајн.
Филипче: Во овој период полициски час не е решение, доволно е да се почитуваат мерките
Се соочуваме со многу силен бран на вирусот, што значајно ги оптеретува сите сегменти во здравствениот систем, односно, лабораториските капацитети, тестирањата и болничкото сместување на пациентите, кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
„Домашните слави исклучиво во кругот на семејството“
Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број на семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници упатува АПЕЛ до истите, овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА КРСТОСНИЦАТА ПОМЕЃУ УЛИЦИТЕ „ЖЕЛЕЗНИЧКА“, „ЕГЕЈСКА“ И „БУДВА“
Се известуваат жителите на Општина Охрид дека утре 27.10.2020 година (вторник) ќе се врши хоризонтално обележување на кружната крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.
697 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (25/26.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 697 прекршоци.