Skip to main content
Окт 11, 2025
ну завод и музеј – охрид
Наградите „Жива“ за најдобар словенски музеј и најдобар словенски локалитет (воведени во 2018 година) се единствена транснационална културна платформа посветена на промовирање на заштитата, зачувувањето, образованието, комуникацијата и општествената улога на словенските музеи и локалитети.

Окт 11, 2025
општина охрид
‎По повод 11. Октомври-Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.

Окт 10, 2025
Македонска православна црква – ОА Дебарско-кичевска епархија Охрид
По повод 730-годишнината од изградбата и живописувањето на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид – еден од најзначајните и величествени средновековни сакрални објекти во Македонија – во недела, на 12 октомври 2025 година, во храмот ќе се отслужи света Божествена Литургија.

Окт 10, 2025
172 рибарски мрежи само на македонска страна на Охридското езеро беа извадени годинава во четвртата по ред акција за чистење на езерото од напуштени мрежи духови. И понатаму доминираат мрежите за лов на пастрмка и белвица, но тие се закана за целиот жив свет во езерото. За опасноста од напуштените мрежи во езерото денеска се говореше на работилница насловена Невидливи мрежи – видлива закана, во организација на Јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид.

Окт 10, 2025
Младински Центар Охрид
По повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 октомври, Младински Центар Охрид денес организира настан-дискусија посветен на менталното здравје на тема „Пристап до услуги – Ментално здравје при катастрофи и вонредни состојби“.

Окт 10, 2025
Со свечена седница Општина Охрид ги започна чествувањата по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ.

Окт 10, 2025
РЦСОО „Ванчо Питошески“
Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ го преставија нивното училиштето на највисоко ниво 13-тиот меѓународен натпревар за ученици од угостителско-туристички училишта – GATUS 2025.

Окт 10, 2025
На одделението работат три докторки специјалисти по педијатрија. Дополнително за втори смени и дежурства доаѓа и доктор специјалист педијатар вработена во Здравствен дом Охрид. На Одделението моментално со консултантски договор, се ангажирани и двајца пензионирани педијатри. Пет доктори се на специјализација.