777 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице
Во текот на изминатото деноноќие (20/21.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 777 прекршоци.
Филипче до граѓаните: Не организирајте куќни слави
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија. Бројот на заразени овој период се движи од 400 до 700 случаи дневно, а Филипче апелираше на внимателност кај граѓаните во овие зимски месеци.
Денес на стрелиштето „Бејбунар ќе се спроведе вежбовна активност за боево гаѓање
Полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Охрид, при Секторот за внатрешни работи Охрид, денес (21.10.2020 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање.
ЌЕ СЕ ВРШИ ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на Одлука на Советот на општина Охрид, на 20.10. и на 21.10.2020 година (вторник и среда) ќе се спроведе превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка.
PONT заинтересиран за Вевчански извори
Вевчанските извори подготвени да влезат под капата на Фондот за природа „Преспа Охрид“. ПОНТ го анализирал заштитеното подрачје и смета дека за многу кратко време ќе се склучи договор со Општина Вевчани за грантирање во корист на природата и локалното население.
12 починати од компликации од Ковид 19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19
Филипче: Ако не се почитуваат мерките неизбежен е полициски час
Доколку продолжи трендот на зголемување на бројот на заразени како што имавме изминативе денови следен чекор на здравствените власти ќе биде барање да се воведе полициски час. Болниците забрзано се полнат, кажа министерот Филипче на прес конференција пред владата. Тој најави дека Комисијата за заразни болести утре ќе и предложи на Владата нов пакет мерки кои се надева дека заедно со оние кои веќе се во собраниска процедура ќе помогнат да се подобри сериозната епидемилошка состојба.
Обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Станува збор за 100 дарители кои донирале плазма и досега над 120 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста.